Белиот змеј – најдолгиот стаклен мост на светот се отвори во Виетнам

Мостот е долг 632 метри, направен е од калено стакло и може да издржи тежина од 450 луѓе.

Мостот се простира на 150 метри над земјата меѓу две планини во провинцијата Сон Ла. Тој нуди чудесна панорамска глетка на околината – паркот и одморалиштето на островот Мок Чау. Виетнамските власти се надеваат дека новиот објект значително ќе го зголеми протокот на туристи во регионот.