10 фрази кажани од најголемите умови во светот, кои секој треба да ги знае

Голем број на цитати од „големите умови“ на светот можат да нѐ мотивираат да ги постигнеме своите цели. Секоја фраза може различно да влијае на секоја личност, но секако со позитивен резултат. Прочитајте ги и сами донесете одлука какви емоции будат кај вас.

1.Наполеон Хил – „Ако не сте способни за големи нешта, запомнете дека можете да се истакнувате во мали нешта“.

2. Наполеон Хил – „Во овој свет постои само еден начин да се заработи љубов – престанете да ја барате и почнете да давате љубов, не надевајќи се на благодарност“.

3. Ендрју Карнеги – „Луѓето кои не се во состојба да се мотивираат треба да се задоволат со просечност, без разлика колку се импресивни нивните таленти“.

4. Ворен Бафет – „Секој ден поминувам многу време само седејќи и размислувајќи. Ова е многу невообичаено за американските бизнисмени. Читам и размислувам, па донесувам помалку импулсивни одлуки од повеќето деловни луѓе”.

5. Дејвид Рокфелер – „Знам начини за заработка на пари за кои немате поим. Начинот на ‘вршење напорна работа добро и деноноќно’ никогаш не води до вистински успех“.

6. Џон Дејвисон Рокфелер – „Преку упорност, сѐ – без разлика дали е правилно или погрешно, добро или лошо – ќе се постигне“.

7. Стив Џобс – „Бидете искрени со себе и со луѓето, секогаш правете сè на време, никогаш не се откажувајте, одете кон своите цели, дури и ако сè е лошо“.

8. Илон Маск – „Сè не може и не треба да биде совршено. Животот е низа неуспеси и разочарувања, а може да успее само тој кој може да ги научи потребните лекции од сите тешкотии, да ја разбере суштината на проблемот, да анализира и извлече одредени заклучоци дека за да се избегнат слични ситуации во иднина“.

9. Зигмунд Фројд – „Депресијата не е знак на слабост – тоа е знак дека премногу долго се обидувате да бидете силни“

10. Хенри Форд – „Повеќе надарени луѓе го водат општеството напред, правејќи им го животот полесен на другите“.