„До 18 часот изгледам страшно, а потоа се пресоблекувам и облекувам штикли“ – Атрактивна 18-годишна Британка раскажа како работи на градилиште

18-годишната Франческа Џули изјави дека отсекогаш сонувала да ги следи стапките на нејзиниот татко Ричард Ендрју, па затоа станала ѕидар. Девојчето уште од детството го следи развојот на градежниот бизнис, кој нејзиниот родител го започнал во 2010 година, и во моментов таа работи со татко ѝ.

„Кога им ја спомнувам професијата на новите познаници, тие ме гледаат збунето. Луѓето не ми веруваат и мислат дека лажам“, рече хероината. „Повеќето од моите врсници не поминуваат многу време со своите родители, јас сакам да му помагам на татко ми секој ден“.

Во исто време, Хејли сака да излегува за време на викендите. Таа вели дека од осум наутро до шест навечер изгледа страшно, но во слободното време се пресоблекува и облекува чевли со високи потпетици. „Покрај тоа, постојано правам маникир и ги штитам рацете со ракавици за време на работното време“, рече таа.

Британката призна и дека постојано е опкружена со мажи на градилиштето, но овој факт не и пречи. Напротив, девојката претпочита машка средина отколку женска. „Момците ме знаат, јас пораснав пред нивни очи и сега сите ми се како браќа. Постојано проверуваат дали е сè во ред, а со некои постојано и одиме на забави“.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *