Која е вашата најмрачна тајна? Најсочни исповеди на луѓето на интернет!

Споделувањето анонимно тајни на интернет стана вирална сензација. Ви претставуваме дел од најинтересните што луѓето ги споделија.

 

1.

Имавме ужасно сурови соседи. Нивната мачка беше оставена со неисчешлано крзно, беше преслаба, ѝ се гледаа коските и секогаш беше оставена надвор. Кога врнеше плачеше постојано некој да и отвори и доаѓаше на нашиот прозор. По неколку месеци, ја зедовме да живее со баба ми. Таа ја чешлаше, ја средуваше. Со тек на време мачката доби и на тежина и живееше среќно.

 

2.

Мојот поранешен дечко ми раскина околу еден месец пред финалето на неговата омилена серија на Нетфликс. Тој организираше забава за гледање на финалето, точно на полноќ како што ќе излезе епизодата. Му дозволив да остане логиран на Нетфликс до 23:59 часот, моментот кога ја сменив лозинката и се одјавив од сите уреди.

 

3.

Мајка ми има деменција и постојано се вознемирува што заборава каде ја остава запалката за цигари. Купив 80 запалки. Сега се во секое палто, во секоја фиока и во секој џеб. Таа сега е многу среќна кога ќе рече „Еве се сетив!“ Ми се исполнува срцето кога ја гледам дека е среќна.

 

4.

Секој пат кога ќе видам дете, под 10 години, што носи очила за вид му викам: „Леле многу ми се допаѓаат твоите очила!“, затоа што јас носев како мал и ги мразев. Се надевам дека мојот коментар ќе им смени нешто.

 

5.

Секогаш и викам „ФАЛА“ на Алекса (виртуелниот асистент од Амазон). Па така кога ќе стане самосвесна и го преземе светот ќе бидам поштедена од поробување.

 

6.

Сега работам во болницата каде што порано го носев мојот починат татко на неделни прегледи. Потоа одевме во ресторанот на чај. Сега, понекогаш одам во ресторанот, седам со 2 шолји чај и си замислувам дека татко ми штотуку отишол до тоалетот.

 

7.

Мојата сопруга пасивно агресивно ги посочува моите пропусти со тоа што му ги кажува на кучето. Постојано ѝ велам дека тоа е патетично, но кога таа ќе излезе, го седнувам кучето и му го давам мојот извештај за настаните.

 

8.

Еден Божиќ решив да и земам накит на мојата девојка и така и купив ѓердан и прстен. Таа го отвори прстенот, пукна во солзи, рече „ДА“ и им телефонираше на родителите да каже дека сме свршени. Не можев да ѝ го скршам срцето. Веќе 10 години сум ненамерно во брак.

 

9.

Кога мајка ми умираше од рак постојано се вознемируваше поради тоа што нејзиниот нарцис што го посадила не никнува. Еден ден скинав еден нарцис од паркот и го забодев во земјата кај нашите нарциси. Беше толку среќна и многу ми е мило што успеав да направам малку магија за неа пред да умре.

 

10.

Го гледавме „After Life“ со мојата сопруга, поголемиот дел од филмот го поминав во солзи. Сопругата постојано ме тешеше и ме уверуваше дека нема да оди никаде. Ова тешење траеше толку долго што на крај не можев повеќе и морав да признаам дека ме вознемируваше помислата дека ќе го изгубиме нашето куче.

 

11.

Еднаш бев толку многу „надуван“ што гледав цел филм без глас (на mute) и плачев затоа што мислев дека сум оглувел.

 

12.

Првото запознавање со таткото на мојата сопруга: Ја пружив раката да се ракувам, тој беше спремен за прегратка. Резултатот беше, неговото уво ми влезе во отворената уста каде што го скокоткав со јазикот. Никогаш не сме го спомнале, а поминаа 15 години. Закопано е длабоко во мене.

 

13.

Кога одиме во Њујорк, сопругата и јас имаме рутина. Секоја вечер кога јадеме надвор, јас ја „запросувам“ и таа со солзи прифаќа. Сите навиваат и „се топат“, а понекогаш ресторанот ни дава да јадеме бесплатно. Во брак сме веќе 8 години.

14.

Му кажав на мојот менаџер дека сум алкохоличар. Не сум, но сакав да престанат да ме канат на пијачки со моите премногу здодевни колеги. Успеа.

 

15.

Поставив кутија за жалби на работа. Луѓето мислат дека Човечки ресурси ја постави, но тоа бев јас. На крајот од секоја недела ја земам кутијата дома и читам за целата таа драма што се случува на работа.

Дали вие сакате да споделите некоја тајна со нас? Тоа можете да го направите и анонимно во коментарите подолу.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *