Додека Балканот се „излива“ Италија прогласи вонредна состојба поради сушата на северот на земјата и еве како игледа тоа
Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони поради најголемата суша во последните 70 години. Ова се однесува на регионите Емилија Ромања, Фриули Венеција Џулија, Ломбардија, Пиемонт и Венето, се вели во соопштението на владата. Оваа изјава е поврзана со сушата во сливовите на реката По и Источните Алпи.
Во согласност со одлуката што ја одобри Советот на министри, за борба против сушата ќе бидат издвоени 36,5 милиони евра. Долината По, која произведува околу 40% од храната во земјата, вклучувајќи пченица и ориз, речиси и да нема врнежи околу четири месеци.

Реката, најдолга во Италија, е седум метри под просекот. Италија доби само половина од просечните врнежи, оваа година, според државното истражувачко тело CNR.
Вонредната состојба има за цел да обезбеди „вонредни средства и овластувања“ за да обезбеди спроведување на итни мерки неопходни за обезбедување јавна безбедност, поправка на штетите на јавниот и приватниот имот и нормални услови за живот на населението.

Сушата се заканува и на половина од добитокот во долината По, каде што се произведува шунката од Парма, според Колдирети, најголемиот земјоделски синдикат во земјата.

Нивото на водата во езерата Маџоре и езерото Гарда е под нормалата за овој период од годината, додека на југ падна и реката Тибар, која минува низ Рим.

Друга последица од сушата е тоа што производството на хидроелектрична енергија е драстично намалено. Хидроцентралите, лоцирани во најголем дел во планинските региони на северна Италија, произведуваат речиси 20% од енергијата во земјата.





















Коментирај анонимно