Познати личности кои докажаa дека мама е подготвена да пружи љубов на која било возраст

Дали мислите дека постои „идеална возраст“ за раѓање на бебе?

Студијата покажа дека жените кои го раѓаат последното дете во зрелоста имаат подолги теломери (хромозоми), што е показател за здравје и долговечност. Во денешно време се повеќе жени сакаат прво да постигнат успех во професионалните активности и дури потоа да имаат деца.

Ние веруваме дека воспитувањето дете е голема одговорност која бара целосна посветеност. Ќе ви кажеме за 10 ѕвезди кои решиле да станат мајки во зрелоста.

1. Џенет Џексон

Пејачката, која се омажи по трет пат во 2012 година, се породи на почетокот на 2017 година на 50-годишна возраст. Нејзината бременост ја нарече благослов. Беше објавено дека породувањето на Џексон „минало прилично без проблеми“.

 

2. Мадона

Пејачката по втор пат се породи на 42 години. Ѕвездата имаше момче, кое го нарече Роко. Нејзината најстара ќерка е родена во 1996 година кога имала 38 години. Мадона подоцна посвои уште 4 деца.

 

3. Никол Кидман

На 24-годишна возраст, кога Никол Кидман беше во брак со Том Круз, доживеа спонтан абортус. Парот подоцна решил да посвои момче и девојче. Актерката ја роди својата прва биолошка ќерка дури во 2008 година на 40-годишна возраст со вториот сопруг Кит Урбан, иако и беше кажано дека шансите да зачне дете се мали. Наскоро парот доби втора ќерка. Девојчето го носела сурогат мајка.

 

4. Мерил Стрип

Оскаровката го роди своето четврто дете, ќерката Луиз, во 1991 година , само 10 дена пред да наполни 42 години. На прашање за нејзиниот семеен живот таа одговори вака: „Бракот, мајчинството и кариерата се држат на компромиси“.

 

5. Иман

Сомалиската манекенка се породи на 45 годишна возраст, кога беше во брак со Дејвид Боуви.Беше објавено дека таа дури и ја пресекла папочната врвца неколку минути по раѓањето. Иман има уште една ќерка која се родила 22 години порано од претходниот брак.

 

6. Ким Бесинџер

Актерката и поранешна манекенка на 41-годишна возраст го роди своето единствено дете со тогашниот сопруг Алек Болдвин. Нивната ќерка Ајрланд сега има 26 години и изгледа како да оди по стапките на нејзините познати родители.

 

7. Кристи Бринкли

Манекенката има 2 ќерки и еден син од различни бракови. Нејзината најмлада ќерка е родена во 1998 година кога Бринкли имала 43 години. Сејлор сега има 23 години, а и таа е модел, исто како нејзината мајка.

 

8. Алиса Милано

Актерката забременила со своето второ дете, ќерката на 41-годишна возраст, само 2,5 години по раѓањето на синот Мило. Таа призна: „Сакам да имам уште едно дете за Мило да има брат или сестра“.

 

9. Лена Хеди

Откако за прв пат стана мајка на 36-годишна возраст, ѕвездата на „Игра на тронови“ забремени по втор пат на 41-годишна возраст.

 

10. Брижит Нилсен

Данската актерка и модел го роди своето петто дете на 54-годишна возраст. Таа рече: „Мојата бременост помина без проблеми.Целосно закрепнав 2 и пол недели по породувањето!“

Дали мислите дека има придобивки да станете мајка подоцна во животот?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *