Куче скитник ја „окупираше“ венчавката, а и срцата на младоженците, па заврши пресреќно
Запознајте ги Тамирис Музини и Даглас Виера Роберт, прекрасна двојка од Бразил која штотуку стапи во брак.
Колку и да беше посебен денот на нивната венчавка, тој станал уште позапаметен кога младенците ги пречекало неочекуван гостин – куче скитник.


Кучето пристигнало и седнало веднаш на влезот од црквата чекајќи да заврши свадбената церемонија.

Оргазнизаторката на свадбата Хуандра ни откри повеќе детали околу тоа. Кога требало да почне церемонијата кучето седнало токму пред влезот. Морале некако да го тргнат за да можат да влезат невестата и младоженецот. Но, на нивно изненадување кучето станало отишло до автомобилот во кој се наоѓала невестата и останало покрај него додека таа не излезе.

„На Тамирис и беше неверојатно тоа што кучето ја следеше до вратата на црквата. Невестата влезе во црквата, а кучето остана на влезот, лежејќи додека не заврши церемонијата“. – сподели со нас Хуандра
Никој не можеше да го оддалечи кучето од влезот.

Како што сподели Хуандра, тие се обиделе уште неколку пати да го извлечат кучето од местото, но потоа сфатиле дека тој навистина сака да биде таму, па го пуштиле да биде. И на невестата и на младоженецот и на целата црква им се допаднало присуството на кучето. А тоа не сакало ја пушти двојката надвор од неговиот поглед.

Хуандра забележала дека едната од шепите на кучето е повредена и малку тешко оди.

„Тој направи нешто што досега не го направил со никого, стана на нозе и се обиде да ги поздрави невестата и младоженецот. Тогаш невестата ми рече: Сакам да го посвојам, неверојатен е. Но, во тој момент не можев ништо да направам бидејќи имав договор што требаше да го следам и сите отидоа да ја прослават свадбата. Нашите срца беа заљубени во кученцето“.

Парот не можел да го извади кучето од глава, па решиле да го посвојат. Го нарекоа Браја Карамело де Исус.
„Првото нешто што парот ми кажа, веднаш по венчавката, беше дека не можат да го тргнат од памет кучето, дека навистина сакаат да го посвојат. Ден по венчавката многу го барале, но безуспешно.

Знаејќи го ова барање, решив да помогнам преку страницата на невладината организација, со фотографија на која прашав дали има некој вест каде е кучето. Шест часа подоцна, еден следбеник ми испрати порака со слики. Веднаш го препознав кучето. Го замолив следбеникот по име Џојс да го држи додека парот отиде до местото за да го фати“. – раскажува Хуандра.
Го однеле на ветеринар за ногата и за сите останати лекови што треба да ги прими.

Сега, парот е на меден месец додека Карамело трпеливо чека кај мајката на невестата да се вратат.

Тоа е навистина еден среќен почеток, не само за младенците, туку и за кучето!


Коментирај анонимно