Зошто жените почнале да носат градници?
На почетокот на 20 век градниците веќе биле измислени но ретко кој ги носел. Само најочајните суфражетки ги носеле. Суфражетка била членка на активистичка женска организација за борба за правото на глас на жените во Обединетото Кралство.
Додека пак поконзервативните дами се потпирале на временски тестираниот корсет, цврст како оклоп, во тогаш модерната S – форма.

Сепак, Првата светска војна направила свои прилагодувања на модата. Кога станало јасно колку метал оди во производството на корсети, Министерството за одбрана на САД апелирало до убавата половина на човештвото да престане да троши метал кој е потребен за армијата и да се префрли на градници. Дамите прифатиле, ослободувајќи дури 28 илјади тони метал за сојузничката армија, а градниците станале модерни.

Коментирај анонимно