Заспан австралиски град е на нозе откако мистериозен розов сјај го осветли небото и ова има врска со една „тревка“

Небото над мал австралиски град мистериозно е осветлено од необично розово светло, со што некои локални жители помислиле дека почнува инвазија од вонземјани.

Жителите на Милдура, во северозападна Викторија, биле во состојба на зголемена готовност, па дури и малку исплашени од етеричната розова магла над нивниот нормално заспан град во вторникот вечерта.

Жена од Милдура, Тами Сзумовски, изјави за Daily Mail Australia, дека нејзината мајка телефонски ја прашала дали ја видела „оваа чудна розова светлина на небото“.

„Мојот сопруг, децата и јас скокнавме во автомобилот и отидовме кај моите чичковци кои живеат во Мербеин Југ, каде што светлината беше силна. Изгледаше многу бизарно и немавме идеја што е тоа.“, вели таа.

Подоцна беше откриено дека доаѓа од блиската фарма за медицински канабис, откако ролетните на бараката каде што се расте канабисот биле оставени отворени.

Г-ѓа Сзумовски веднаш ги објавила неверојатните фотографии на Фејсбук за да види дали пријателите и соседите знаат нешто повеќе. „Само што ги направив овие фотографии на југот на Мербејн! Имате идеја што е тоа луѓе? Вонземјани? Непознати работи?“, напишала таа.

Нејзините пријатели беа подеднакво збунети, па дури и исплашени. „Имавме толку многу коментари, велејќи дека тоа е астероид или комета, дали е тоа превртен свет од ТВ шоуто Stranger Things, дали се тоа вонземјани? изјави таа за Daily Mail Australia.

Но, објаснувањето немаше никаква врска со меѓуѕвездените посетители или некој астрономски феномен. Утврдено е дека неверојатниот сјај доаѓа од моќните светла во фабриката за медицинска марихуана.

Производителот на медицинска марихуана Cann Pharmaceutical компанија потврди дека ролетните во комерцијалната барака биле оставени отворени.

LED осветлувањето за одгледување канабис често е виолетово или розово. Комерцијалните светла за одгледување канабис се мерат во густина на фотосинтетички фотонски флукс (PPFD) и во некои случаи достигнуваат 2000 PPFD.

Според еден производител на светлина, 2000 PPFD „се однесува на PPFD на сонцето во ден без облаци“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *