Градинарка мора да ѝ плати 200.000 фунти на сосетката алергична на оси, поради јаболкницата во својот двор
Градинарката „училишен насилник“, Антоанета Вилијамс, ја загуби битката да ја поништи наредбата да плати 200.000 фунти на сосетката Барбара Пилчер со алергија на оса, која ја тужела поради дрво од кое постојано паѓало скапана јаболка и собирало инсекти.
Г-ѓа Пилчер претходно била хоспитализирана по убод од оса и рекла дека не може да користи дел од нејзината градина поради инсектите привлечени од овошјето, тврдејќи дека во нејзиниот дом се чувствува „како затвореничка“.

Таа ја тужела својата сосетка г-ѓа Вилијамс обвинувајќи ја дека почнала кампања на „морничаво“ вознемирување, а минатиот октомври го добила случајот кога судијата на окружниот суд пресудил во нејзина корист.
Минатата недела, случајот отишол до Високиот суд, каде г-ѓа Вилијамс се обидела да ја поништи пресудата, обвинувајќи ја својата сосетка за „фабрикување“ докази за време на петдневното судење минатата година.
Но, градинарката – која има освоено награди за нејзините цвеќиња како член на хортикултурното друштво Дансфолд и Хаскомб – сега се соочува со отштета од околу 200.000 фунти и сметки за адвокати откако судијата на Високиот суд, г-дин Џастис Соле, ја отфрли нејзината понуда за ново судење.

Г-ѓа Вилијамс се преселила во Колибата Френшам од 600.000 фунти, пред речиси 40 години, додека г-ѓа Пилчер ја купила соседната куќа во 2010 година. Но, двете жени набрзо почнале да се караат за низа работи, вклучително и положбата на оградата меѓу куќите, како и состојбата на градинарската ограда, која г-ѓа Пилчер ја користи на десната страна на куќата на нејзиниот сосед па се до паднатите јаболка од дрвото.
Г-ѓа Пилчер исто така тврдела дека додека траел спорот, г-ѓа Вилијамс ја малтретирала така што постојано ѕиркала низ нејзините прозори, ја набљудувала кога доаѓа дома, кога излегува, намерно имала гласни телефонски разговори во нејзината градина за да ги слушне таа, каде што ја обвинувала г-ѓа Пилчер дека има проблеми со менталното здравје, исто така и го попречила правото на премин покрај нејзината куќа. Тоа резултирало до тоа г-ѓа Пилчер да се плаши да се врати дома после работа.

Спорот околу дрвото бил решен меѓу соседите за време на судењето, при што г-ѓа Вилијамс се согласила „дрвото професионално да се исече“.
Додека пак како дел од случајот во кој се тврди дека г-ѓа Вилијамс го попречила правото на премин покрај нејзината куќа, г-ѓа Пилчер поставила серија фотографии на кои се прикажани предмети што го блокираат. Адвокатот на г-ѓа Вилијамс тврди дека метаподатоците на сликите покажуваат дека таа мора да била г-ѓа Пилчер која ги преместила предметите за да го блокира преминот, бидејќи тие биле отсутни на една слика, а потоа таму неколку моменти подоцна.
Судијата сепак го означи однесувањето на г-ѓа Вилијамс „целосно ненормално и вознемирувачко“. Г-ѓа Вилијамс ги негираше наводите, но судијата прифати дека се случиле, додавајќи: „Видот на однесувањето ме потсетува на малтретирање на училишните деца“.
Одлуката ја остава г-ѓа Вилијамс да плати отштета од 12.000 фунти, како и да плати 75% од трошоците од 243.000 фунти од првичното судење и плус сметките на нејзините адвокати за нејзината неуспешна жалба.

Коментирај анонимно