Еве зошто треба да ѝ верувате на вашата интуиција! 10 приказни кога интуицијата спасила живот кои ќе ве наежат!
Шесто сетило, неискажливо чувство, чуден нагон, внатрешен глас или како што сакате да го наречете, сите сме ги доживеале тие интуитивни шепоти претходно. Знаете, оваа мистериозна сензација што го преплавува вашето тело за да ви каже нешто се чувствува правилно или погрешно и не ве остава во можност да ги артикулирате причините за вашето расудување. Но, прашањето е, колку често навистина ѝ верувате на интуицијата?
Затоа прочитајте ги овие приказни за луѓе кои е одлучиле да ѝ веруваат на својата интуиција и ве уверуваме дека после нив и вие ќе го правите истото.
1.

Во 2004 година требаше да одиме на семејно патување вклучувајќи ги сите братучеди и поширокото семејство од страната на татко ми за да го посетиме крајбрежниот југ на Шри Ланка на одмор, вкупно околу 20 луѓе.
Добро планирано патување, но во последен момент мајка ми не сакаше да оди. Воопшто немаше причина. Никој од нас не можеше да ја натера да објасни зошто, ниту таа не можеше да објасни зошто ама беше решена дека нема да оди. Така отидовме на едно поинакво патување за да видиме некои други роднини.
Неколку дена подоцна околу пладне, целото пошироко семејство од двете страни седеше шокирано пред телевизорот и го гледаше истиот хотел што го резервиравме како цунамито го однесе во живо.
До денес, таа сè уште не може да објасни што чувствува.
2.

Пред околу 10 години, работев на обезбедување на локација оддалечена околу 80 километри од дома. Завршив со смената и не се мачев да ја соблечам униформата, бидејќи планирав да застанам само на бензин и ќе си одам дома. Само две бензиски станици во градот во кој работев беа отворени по полноќ. Но бев замислен поминувајќи ја првата, па застанав на втората (истиот бренд, исти цени, се исто). Како што застанав нешто не ми се допадна, и нешто во мене ми рече да се вратам на првата.
Наполнив гориво на првата и сега требаше да се вратам назад за да излезам од градот. Се доближив до втората бензиска станица и таму имаше три автомобили со градски полицајци, двајца заменици и еден државен војник, го блокираа патот со извадени пиштоли. Всушност градски полицеац налетал на грабеж во бензиската станица, крадецот го пукал во градите но среќа полицаецот носел панцир, а сопственикот на бензиската го удрил со палка крадецот, пред воопшто полицаецот да дојде при себе за да го извади пиштолот.
Тоа ќе бев јас, во униформа со убава сјајна значка, но без панцир.
3.

Кога бев дете, веројатно 4 или 5 години, седев на совозачкото седиште во автомобилот на мајка ми. Чекавме на семафор, и наеднаш имав огромен нагон да скокнам на задното седиште. Мајка ми почна да ми вика како не треба да го правам тоа во автомобил или би можел сериозно да се повредам. Светлото на семафорот станува зелено, мајка ми почнува да врти лево, а совозачката страна на нашата кола ја удри друга кола толку силно што ни ја исфрли колата од патот.
Подоцна ни беше кажано дека да бев на предното седиште, веројатно ќе бев мртов.
4.

Тетка ми ми раскажа приказна за татко ми, кој многу не ја сака и иако се брат и сестра, одвај зборуваат. Една вечер ѝ се јавил како од ведро небо додека таа била на факултет. Тој и рекол дека не знае зошто, но имал таков нагон да ѝ се јави, за да се увери дека е добро. Таа му кажала дека е добро и му се заблагодарила што се јавил да ја провери.
Таа никогаш не кажа никому друг освен мене, и се надевам на психолог или двајца, но во моментот кога татко ми ѝ се јавил таа го држела шишето со апчиња бидејќи сакала да се самоубие. Дваесет години подоцна таа е многу среќна со нејзината одлука да живее.
5.

Пред неколку години одев на универзитет во Брисел. Секогаш фаќав воз за да стигнам таму. Едно утро штотуку се разбудив и воопшто не се чувствував одлично. Се чувствуваше поинаку. А бидејќи имам кронова болест, претпоставив дека тоа е причината но овој пат нешто беше различно. Сепак се одлучив да останам дома. Ова беше еден од двата дена што имам останато дома, без да отидам на универзитетот.
Тој ден се случи терористичкиот напад во возот што обично го возам за да стигнам до универзитетот.
6.

Одев на часови по виолина кога имав околу 10 години кај инструктор во мојата локална музичка продавница. Го добив најчудното чувство од него иако не правеше ништо невообичаено. Сакав да повраќам секогаш кога ќе го погледнам, особено неговите раце. После 4 лекции им кажав на моите родители дека имам страшно чувство за него и дека никогаш не сакам да се вратам. За среќа, тие послушаа и не ме натераа никогаш повеќе да одам кај него. Неколку години подоцна тој беше уапсен за малтретирање на повеќе негови студенти. Не знам како знаев дека нешто не е во ред. Тој никогаш не направи или рече ништо, но јас само го почувствував тоа.
7.

Бев на пат со татко ми низ планински терен и почна да врне. Бевме заглавени во автомобилот поради метеж на многу тесен планински пат. Добив чувство дека не треба да бидеме тука и му реков на татко ми дека треба да излеземе од колата за секој случај. Татко ми ме погледна збунет, но се согласи откако јас инсистирав. Веројатно помина само една минута откако се засолнивме во блискиот штанд за чај, кога громогласен звук нè запрепасти. Нашиот автомобил никаде го немаше. На негово место имаше камен. Карпа со големина на куќа.
8.

Имав чувство дека треба да ги извадам паричникот и телефонот од чантата. Само 20 секунди подоцна, ме ограбија. Човекот ме влечеше по тротоарот и ми ја украде чантата, НО сè што на крајот доби беше кутија со сок и моите апчиња.
9.

Мајка ми и целото нејзино семејство беа спасени од смрт од труење со јаглерод моноксид од страна на нејзиниот татко. Заминал на работа, добил чудно чувство и се вратил дома. Сите во куќата беа онесвестени, а тој мораше да ги влече или носи сите надвор еден по еден. Сите тие преживеаја.
10.

Ми понудија работа од соништата со речиси двојно поголема плата во друг град. Беа само 2 часа пат, но нешто ми рече да не ја прифатам работата. Имав неколку луѓе кои ми кажаа дека никогаш нема да имам друга ваква можност, но стравот да не го напуштам родниот град ме кочеше.
2 месеци откако ја одбив работата, компанијата беше продадена и сите во тој оддел останаа без работа. Ќе бев заглавен во нов град без пријатели или семејство во близина, и без работа.

Коментирај анонимно