Овој човек не дозволи пандемија да му го уништи запросувањето во Исланд и истото успеа да го направи токму таму

Плановите за одмор на луѓето се дефинитивно уништени поради пандемијата со коронавирусот.

Сепак еден маж кој планирал својата девојка да ја запроси на патувањето во Исланд не се откажа од својата намера и остана истраен да ја оствари целта.

Роберт и Пети имале испланирано убаво патување во Исланд, но како и најголемиот дел од патувањата низ светот и ова било откажано. Роберт во „ледената земја“ планирал да клекне и да ја запроси Пети, но затоа што тоа повеќе не било остварливо тој пронашол сосема совршена алтернатива.

Тој решил да ја запроси во супермаркет кој се вика „Исланд“. Да, тој повторно успеал да ја запроси својата сакана во Исланд, а сопствениците на маркетот бидејќи биле поласкани од неговата одлука таму да направи такој романтичен чин ветиле дека ќе им уплатат меден месец во Исланд откако ќе биде безбедно да се патува.