Бразилскиот Хулк, кој доживеа слава на социјалните мрежи, почина по години поминати во самотија
„Бразилскиот Хулк“ кој доби 1,6 милиони следбеници на социјалните мрежи поради тоа што се инјектираше со масло, опасно по живот, за да создаде бицепс од 23 инчи, почина на својот 55-ти роденден.
Валдир Сегато користел инјекции со синтол со години и покрај ризикот од мозочни удари и инфекции, се со цел да создаде големи бицепси, пекторални и грбни мускули.
Сегато, по потекло од Сао Паоло, претходно изјавил дека е инспириран од физиката на Арнолд Шварценегер и измислените ликови како „Хулк“, и зборувал за тоа како е горд што на улиците е познат како „чудовиштето“.

Пред шест години тој бил предупреден дека ќе се соочи со ампутација, или во најмала рака оштетување на нервите и нарушување на обликот на мускулите, доколку продолжи да ги користи инјекциите. Но на Сегато му се допаѓало вниманието што го добивал од луѓето и сакал да стане уште поголем.
Тој гордо објавуваше слики и видеа на социјалните мрежи, нарекувајќи се себеси „Валдир Синтол“ .

Но, според локалните медиуми, до моментот на неговата смрт тој имал малку пријатели и живеел изолиран живот и покрај огромните следења на социјалните мрежи што тој ги добивал објавувајќи ги видеата со текот на годините.
Како млад тој бил зависник од дрога и изгубил толку многу килограми што бил познат и како „Слабо куче“.Тој претходно изјавил: „Се вмешав со дрога и почнав да губам килограми затоа што не јадев и водев погрешен живот“.

Многу бодибилдери ја скршнуваат долгата листа на несакани ефекти предизвикани од анаболни стероиди со тоа што се одлучуваат за синтол, но маслото исто така носи огромни ризици.Инјекциите се состојат од 85 проценти масло – често масло од сусам – 7,5 проценти лидокаин, лек против болки и 7,5 проценти алкохол, што се користи за стерилизирање на мешавината.

Исто така резултатите од користење на ова масло се чисто козметички и не го направиле Сегато посилен, туку напротив, само му ја имаат влошено здравствената состојба.




Коментирај анонимно