Индиски адвокат ја доби 22 годишната судска битка, затоа што во 1999 година му бил вратен 15 денари помалку кусур!
Индиски адвокат конечно ја добил 22-годишната судска битка против железницата во индиската држава Утар Прадеш, откако ги тужеше дека во 1999 година му го „пренаплатиле“ билетот за во воз.
На Тунгнат Чатурведи минатата недела му беа вратени 2,90 фунти за билетот, плус изреченините 154 фунти како парични казни од индискиот национален железнички превозник.

„Не можете да ја замислите енергијата и времето што го изгубив“ во борбата против случајот, вели Чатурведи, откривајќи дека присуствувал на повеќе од 100 рочишта во годините откако го поднел своето барање.
Тој додава: „Ова секогаш беше борба за правда и борба против корупцијата, па затоа вредеше“.
Г-дин Чатурведи, во тоа време платил 20 рупии (15 денари) повеќе отколку што требало за два билети на североисточниот железнички превоз од Матура до Морадабад во 1999 година. Требало да му се вратат 30 рупии, но службеникот му вратил само десет, ставајќи си 20 рупии во џебот.

Доколку севкупниот поврат железницата не го исплати во рок од 30 дена, железничката компанија мора да плати 15 отсто камата.
Тој вели дека неговото семејство го повикало да се откаже од случајот, но тој сепак бил упорен, откако железничкиот трибунал го отфрлил случајот. Но, Чатурведи се претставувал себеси на суд, правејќи ја победата уште послатка – и малку поскапа.
Тој додаде дека се надева дека неговиот случај може да биде инспирација за другите: „Човек не треба да се откажува дури и кога борбата изгледа тешка“.

Коментирај анонимно