Од секојдневието на една водоинсталатерка, жена во „машки“ свет: „Да не ти се премногу тешки алатите, да ти ги поносам?“

Рејчел Грифитс (25) од Кејот Кона во Велс, за првпат започнала како чирак на водоинсталатер на 16 години, а последните девет години ги поминува во подобрување на своите вештини во занаетот.

Таа сега се обидува да ги скрши сите однапред утврдени стереотипи што ја опкружуваат индустријата во која доминираат мажи, создавајќи пат за повеќе жени да ги следат своите соништа.

„Речиси секогаш кога одам на работа, луѓето се шокирани кога ќе ја отворат вратата затоа што не очекуваат жена“.

„Коментарите обично се: „Не изгледаш дека треба да бидеш водоинсталатер“, „Дали си сама“, „да не ти се премногу тешки алатите?“.

„Уште полошо е кога ќе го добијам коментарот „Ти си премногу убава за да бидеш водоводџија“.

„Не е само стереотип дека жените не можат да бидат во оваа индустрија, туку има и стереотип за тоа како жените треба да изгледаат ако работат и како водоинсталатери“.
„Едно од моите најлоши искуства беше кога направив замена на вентили на радијатори“.

„Немаше ништо лошо во мојата работа, но газдарицата на куќата му се јави на агентот откако заминав, жалејќи се дека не треба да испраќаат жена да работи машка работа. Тоа навистина многу ме налути“.

„Моите постари браќа и сестри решија да одат на универзитет, но тоа никогаш не беше нешто што го замислував за себеси“.
„Моите родители ми препорачаа да одам на стручен курс на колеџ, па решив да се занимавам со водовод и така започна сè“.

„Тоа е напорна работа и многу физичка, но јас продолжувам да ги подобрувам моите вештини секој ден и сакам да напредувам во работата што ја сакам“.

„Успеав да го купам мојот прв дом на 21 година и планирам да купам уште еден имот за да го издавам“.- вели таа. „На тој начин, кога ќе имам 50 години и нема да можам повеќе да клекнувам или да кревам тешки работи, ќе бидам подготвена за живот како газда“.

Надвор од работа, Рејчел сака да се облекува женствено во гламурозни фустани и шминка, што често ги шокира новите пријатели кога им кажува за својата дневна работа.
Рејчел додава: „Моите пријатели и семејството беа супер поддршка за мојот избор за кариера“.

„Мојата помлада сестра Лорен дури тргна по моите стапки и моментално работи како чирак. Но, кога запознавам нови луѓе, тие обично се прилично шокирани поради мојата секојдневна работа и секогаш ме бомбардираат со прашања на кои сакам да одговарам“.

„Јас сум многу добра во мојата работа и напредувам во овој „машки свет“.

Имав многу жени кои ме контактираа за да побараат совет и најдобри начини да влезат во индустријата, особено помладите генерации.

„Ако можам да инспирирам што е можно повеќе жени да се приклучат кон оваа работа, ќе бидам среќна да знам дека сум ги мотивирала за да работат со водовод“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *