Овој сопственик на Тесла никогаш нема да си ги изгуби клучевите, затоа што има чип во раката

На Брендон Далали му бил вграден мал бесконтактен чип под кожата на десната рака за да може да го отклучи возилото без да се потпира на својот паметен телефон, чиј што Bluetooth не секогаш работел добро, вели тој.

Брендон го објави видеото во продолжение на кое се гледа процесот на вградување на мал VivoKey Apex чип. Чипот ја користи истата технологија, што ја користат бесконтактните картички за плаќање или пак картичките за влез во хотелските соби.

Процедурата е направена пред една и пол недела и ја водел професионален пирсер, кој употребил игла со четири камери и ја анестезирал областа со лидокаин.

Целиот процес на чипирање го чинел Брендон само 400 долари.

И сега следува интересниот дел. Ова е вториот чип што Брендон го вградил во своето тело.

Ова е вториот чип што Далали го вградил.

Првиот е клучот за неговиот дом и исто така ја чува неговата контакт картичка, како и неговите медицински информации. Тој чип може да се скенира од кој било мобилен телефон кој потоа ги открива информациите – и свети морничаво зелено под неговата кожа кога ќе се скенира.

„Целата идеја беше да го имам клучот од куќата во левата рака, а клучот од автомобилот во десната рака. И тогаш она што е навистина кул е, кога ќе биде одобрено, тие два чипа можат бесконтактно да го активираат новиот чип што штотуку го добив за да правам трансакции со кредитни картички“, објасни тој.

  • Демоде напиша:

    Ненормално, 😨🤔извитоперен ум… Дефинитивно светов, те луѓето стануваат се повеќе како ликови од СФ филмови, полу/четврт роботи, одушевени од “леснотијата” на управување со се и сешто,преку вештачки вградени читачи, далечински управувачи ; наместо користење на сопствени екстремитети и мозок, а со тоа губење целосна на самоконтрола и лична слобода.. Теледиригирани суштества,моја ноќна мора од СФ филмови од детството.. 😨😞😠

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *