Гигантот „Форд“ ќе им плати оштета во вредност од 1,7 милијарди долари на децата чии родители загинале во несреќа во 2014
На брат и сестра од Џорџија, Соединените Американски Држави, им беше доделена казнена отштета од 1,7 милијарди долари од автомобилскиот гигант „Форд“, за сообраќајна несреќа во 2014 година во која загинале нивните родители. Ова е најголемата граѓанска пресуда досега донесена во државата.

Во 2014 година, Вонсил и Мелвин Хил загинале откако на нивниот „Форд Ф-250“ му пукнала гумата и се превртел. Двојката – на возраст од 62 и 74 години – била на пат да земе нов дел за трактор што ќе го користеле на нивната фарма во Џорџија. Поротата оваа недела одлучила дека тие требало да ја преживеат несреќата и дека покривот на нивниот „Ф-250“ бил правилно дизајниран.

Возрасните деца на парот, Адам и Ким, и двајцата сега на возраст од педесет години, го тужеа „Форд“ и „Пеп Бојс“, авто-продавницата која ги поставувала гумите на возилото четири години пред несреќата. Најпрво им биле доделени 24 милиони долари за компензација, од кои „Форд“ е одговорен за 70 отсто, односно 16,8 милиони долари, а „Пеп Бојс“, се одговорни за 30 отсто, 7,2 милиони долари.
Поротата потоа му доделила на семејството 1,7 милијарди долари казнена отштета, што не се одразува на компензација за семејството, туку на сумата што поротата смета дека е доволна за да го казни „Форд“ и да го предупреди да не ја направи истата грешка во иднина.

Според законот во Џорџија, државата добива 75 отсто од 1,7 милијарди долари, оставајќи 425 милиони долари за семејството. Севкупно, семејството сега треба да добие 450 милиони долари од производителот на автомобили.
„Форд“, чија вредност е 60 милијарди долари, вели дека ќе се жали на одлуката.
„Одлична пресуда за нашите клиенти, ние сме исклучително среќни за нив. Тие претрпеа многу – и имаа огромна храброст да го издржат тоа долго време“, велат од „Форд“.
„Иако нашето сочувство е упатено кон семејството Хил, не веруваме дека пресудата е поткрепена со докази и планираме да поднесеме жалба“, додаваат од Форд во неделата.
Џејмс Батлер Џуниор, адвокатот на децата на двојката, вели дека бил запрепастен од доказите во случајот, кои покажуваат дека покривот на возилото се урнал под притисокот на превртувањето.
„Порано купував камиони Форд. Мислев дека никој нема да продаде камион со толку слаб покрив. Може и да возите кабриолет“.

Нивниот правен тим верува дека повеќе несреќи биле предизвикани од истиот пропуст и рече дека автомобилите не се соодветни за возење.
„Сигурно има повеќе смртни случаи и тешки повреди за коишто не знаеме, бидејќи милиони од овие возила се на патот“, рече во изјавата ко-советникот на Батлер, Џералд Дејвидсон.
Во завршните зборови, адвокатите ангажирани од компанијата ги бранеа постапките на „Форд“ и неговите инженери.

Коментирај анонимно