Како преку вежбање и јадење бубачки, Никол Кидман на 55 години изгледа „бомбастично“ и фасцинира со нејзиното совршено извајано тело
Никол Кидман покажа дека е во подобра форма од кога и да е, на 55 години, по објавата на нејзината фотосесија за списанието „Perfect“.

Мајката на четири деца го покажа своето затегнато тело на најновата насловна страница на списанието, покажувајќи ги резултатите од нејзината посветеност кон вежбањето и здравиот начин на живот.
Стоејќи со кренати тупаници и свиткани бицепси, актерката ги покажа и своите совршено извајани нозе, позирајќи во здолниште од „Дизел“ и кошула од истиот бренд.

Со текот на годините, ѕвездата беше отворена за нејзината љубов кон надворешните спортови и за тоа како се обидува да се одржи рамнотежа кога е во прашање нејзината исхрана.
Кидман вели дека ја одржува затегнатата фигура со помош на правилото за животен стил 80/20 и неколку интересни избори на храна.

Таа вели: „Ако мислите дека ќе се будите и ќе трчате по пет милји секое утро до крајот на вашиот живот, ќе ви биде досадно и ќе го притиснете копчето за одложување по една недела“.
„Затоа, се обидувам да го менувам спортот; малку трчање, јога, па дури и само да одам на прошетка со мојот сопруг и децата“.

Навистина, ѕвездата често се гледа како споделува слики на кои ужива во трчање, планинарење и сесии на јавање на Инстаграм.
Диетата 80/20 се заснова јадење 80 отсто сурова исхрана, додека останатите 20 отсто се вистинско уживање.

„Всушност не сум толку строга со мојата диета. Прилично јадам сè, но сè во умерени количини“- вели Кидман.

Во друго интервју таа признава дека нејзината омилена храна е „послужавник со свежа морска храна со сиднејски камени остриги, тигарски ракчиња и јастог“.
Друга интересна работа за Кидман е дека може да јаде „речиси се“ и откри дека има склоност да јаде живи бубачки.

pa da ne stanala vo 4 sabajle na rabota da odi, ili cela nok na evtina da pere…. ili da misli sto da jade utre, i od kade da najde pari za struja i voda,
Коментирај анонимно