Шимпанзото Оливер кое пиело ракија и имало човечки навики останало без живот токму поради човекот
Шимпанзото Оливер имало ќелава глава, одело на две нозе, се интересирало за девојки и пиело ракија навечер, облечен во смокинг. Неговите навики го направиле толку различен од другите шимпанза што некои научници сугерирале дека Оливер е хибрид од мајмун и човек. Сепак, студиите покажале дека тоа не е така – Оливер, се разбира, бил чистокрвно шимпанзо.
Животот на Оливер бил од еден кафез во друг
Оливер роден околу 1957 бил мајмун за забава и перформански, еднаш промовиран како преоден фосил или „хумази“ (хипотетички хибрид на човек и шимпанзо) поради неговиот донекаде човечки изглед и склоноста да оди исправено.
Оливер бил купен како младо животно во 1970 година од тренерите Френк и Џенет Бергер. Наводно, шимпанзото било фатено во Конго. Во 1977 година, сопственикот на Оливер, Мајкл Милер, му го подарил Оливер на Ралф Хелфер партнер во мал тематски парк наречен „Волшебно село“ во Буена Парк, Калифорнија. Кога „Волшебно село“ се затворил подоцна истата година, Хелфер продолжил да го изложува Оливер во нов потфат, „Нежна џунгла“, која ја сменила локацијата неколку пати пред конечно да се затвори во 1982 година.
Оливер потоа бил префрлен во „Центарот за обука на диви животни“ во Риверсајд , Калифорнија, сопственост на Кен Декроо, но тој наводно бил продаден од Декро во 1985 година. Последниот тренер кој го поседувал Оливер бил Бил Риверс. Риверс пријавил проблеми со Оливер, дека тој не се согласува со другите шимпанза.
Завршил во лабараторија
Потоа во 1989 бил купен од страна на „Buckshire Corporation“, лабораторија во Пенсилванија која издава животни под наем за научни и козметички тестирања. Не бил во баш добра здравствена состојба бидејќи претходно не го чувале како што треба. Тој никогаш не бил користен во експерименти, но во следните девет години, неговиот дом бил мал кафез, чија ограничена големина резултирала со мускулна атрофија до тој степен што екстремитетите на Оливер трепереле. Во 1996 година било дозволено неговото пензионирање во колонијата на Бакшир од 13 шимпанза.
Речиси слеп и артритичен остатокот од животот го поминал во кафез
Така Оливер бил префрлен во „Primaly Primates“. Стар, со слаб вид и артритичен, Оливер завршил во простран, отворен кафез и таму го преживеал остатокот од животот. Оливер ги поминал своите последни години со друго шимпанзо, женка позната како „Суво грозје“. Таа била ставена кај Оливер за дружење бидејќи напредната возраст на Оливер и годините во истражувачката лабораторија го оставиле со артритис, главно слеп и неспособен да комуницира секој ден со помладите, поразиграни шимпанза.
Вестите за Оливер, како и фотографиите, честопати биле објавувани на интернет од неговите старатели, поради интересот на јавноста. Учествувал во редовни активности за збогатување, вклучително и забава со кршење лубеница документирана во онлајн билтенот на „Пријатели на животните“.
Оливер починал во сон и бил пронајден на 2 јуни 2012 година, женката шимпанзо до него. Имал најмалку 55 години.
Коментирај анонимно