Таксист што секогаш ќе го барате! Ова урнебесно мени со различни опции за возење е ГЕНИЈАЛНО!

Дали некогаш кога се возите во такси, таксистот зборува премногу, додека вие едноставно сакате да ќутите? Или пушта музика што не можете да ја поднесете?

Кога се качувате во такси не знаете каков вид на возење ве очекува. Но овој таксист ја отстранува мистеријата и им дозволува на патниците да изберат.

Еден патник сподели искуство што го имал со еден од таксист. После ова сигурно секогаш ќе го бара Камерон за превоз!

„Добредојдовте во автомобилот на Камерон!!! За да го осигурам најдоброто можно возење за вас, подготвив мени со различни видови на возења што ги нудам. Само изберете една па седнете, опуштете се и уживајте во возењето“.

Потоа се наведени 10-те опции за возење што ги нуди Камерон:

1. Незгодното возење – целосно го игнорирате ова мени, а потоа ќе седиме во тишина до крајот на возењето.

2. Смешно возење – Ви кажувам шеги или забавни приказни од мојот живот.

3. Тивко возење – …

4. Морничаво возење – не кажувам ништо, но постојано те зјапам во ретровизорот.

5. Возење со караоке – нè забавуваме со хитови од 80-тите, раните 2000-ти или буквално што и да посакате.

6. Возење со меурчиња – дуваме меурчиња цело време.

7. „Small talk“ возење – Зборуваме за тоа колку е лудо времето во последно време и ве прашувам дали го гледавте натпреварот минатата ноќ.

8. Возење со терапија – Ти ми кажуваш за твоите проблеми и јас слушам.

9. Возење во пијана состојба – ми повраќаш во кола.

10. Возење со клише – Ме прашувате колку време сум таксист.

Ние мислиме дека концептот на овој возач е прекрасен. Луѓето често сакаат нешто различно во возењето во зависност од нивното расположение, па затоа идејата да имаат опции за избор е брилијантна. Списокот, исто така, директно се однесува на незгодноста што е често присутна кога се возите со некого, па затоа прави природен „мразокршач“ и почеток на разговорот – особено корисен за луѓето кои се борат со социјална анксиозност .

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *