Селма Хајек ги руши предрасудите околу доењето, со приказна за ситуација кога доела туѓо дете!

Ние сметаме дека треба секогаш да им се обрне посебно внимание на познатите ѕвезди кои се посветени на добротворни цели. И еве една емотивна приказна за една холивудска актерка која ни покажува како понекогаш е потребно толку малку за да се направат големи промени.

Несебичен и благороден чин

Актерката и продуцентка Салма Хајек пристигнала во Сиера Леоне во септември 2008 година, не како славна личност, туку како хуманитарец , за да учествува во африканска добротворна мисија. Додека била на обиколка на болницата, наишла на мајка која останала без млеко за своето бебе. Хајек, која во тоа време имала едногодишна ќерка, го зела неухранетото еднонеделно синче на непознатата жена и почнала да го дои и покрај присуството на многу камери околу неа.

Ја охрабрува нејзината ќерка да стане дарежлива и грижлива личност

По случајот со доењето, таа признала дека имала измешани чувства дека можеби била нелојална на сопствената ќерка со тоа што му дала млеко на другото дете. Сепак, таа подоцна се предомислила и изјавила „Всушност мислам дека моето бебе ќе биде многу гордо што ќе може да го дели нејзиното млеко“. Таа исто така изјавила дека кога ќе порасне, ќе ја охрабри ќерка си да биде биде дарежлива и грижлива личност. „Мислам дека тоа е најдоброто нешто што можам да и го дадам како мајка“, вели Селма.

3. Љубезноста и несебичноста владеат во семејството на Хајек

Дополнително, Хајек објаснила дека идејата да му се помогне на детето на овој начин била долгогодишна традиција во нејзиното семејство. Всушност, пред многу години во едно мексиканско село, нејзината прабаба го спасила изгладнето бебе на неутешно тажен странец со тоа што го доела неговото дете без мајка кое, пак, веднаш престанало да плаче.

Доењето е избор, а не стигма

Хајек тврди дека нејзината одлука да го дои детето на жената е исто така обид да се намали стигмата што им се става на жените за доење. И со овој чин на љубезност, таа исто така гласно и јасно кажува како жените треба да имаат избор за тоа и да не се плашат од своето тело.

Кои се вашите размислувања за доење дете кое не е ваше?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *