Јапонците рушат рекорди во однос на староста. Погледнете што добива секој јапонец кога ќе ја пречекори 100-ката!

Во Јапонија, особено на островот Окинава, има повеќе лица постари од 100 години на 100.000 жители отколку во било кое друго место на планетава. Луѓето кои имаат над 100 години овде, докажано е дека страдаат од многу малку хронични болести, се многу повитални и имаат многу мали шанси за деменција. Сето ова е одлично и веднаш си велите: „Како ли не се родив таму?“. Но, што има Јапонската влада да каже на ова, е исто така многу интересно.

Кога Јапонец ќе наполни 100 години, му се подарува комеморативна сребрена саке чаша, на„ Денот на почитта на постарите“. Оваа традиција постои од 1963 година, но неодамна имало толку многу Јапонци постари од 100 години што било одлучено да се намали големината на чашата и да се замени чистото сребро со сребрена легура со никел. Ова и овозможува на државата да заштеди милион долари годишно.

Што значи дека за брзо време можеби и оваа традиција ќе замре, затоа што Јапонците немаат намера да и се предадат на староста. Здравиот начин на живот и науката, можат само да ги натераат да рушат рекорди и да живеат до 101 и назад.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *