КИНА ВО ПАНИКА! Граѓаните се тепаат за намирници додека 21 милион жители се ставени во карантин

Очајните Кинези  се тепаат за храна и ги ограбуваат полиците на продавниците во обид да складираат залихи пред да бидат ставени во најстрогиот карантин во светот.

Градот Ченгду, дом на 21 милион луѓе, е ставен во карантин откако беа пријавени само 157 нови инфекции на ковид бидејќи Пекинг ја продолжува својата политика „нулта Ковид“.

Шокантните снимки покажуваат дека жителите во паника се обидуваат да најдат залихи во супермаркетите додека избиваат тепачки за последното преостанато месо и ориз. Беа видени автомобили полни со месо, зеленчук и јајца, додека локалното население ги „поплави“ продавниците и се подготвува за најлошото.

Еден жител рече дека „сите лудо складираа“ поради она што се случи во Шангај кога претрпе недостаток на храна за време на карантинот.

На жителите на градот им е наредено да останат дома од 18 часот по локално време во четврток – и сите ќе бидат тестирани во наредните денови. Снимката покажа редици од милиони луѓе кои се редат за тестирање, а местата за тестирање се отворени 24 часа на ден.

 

На луѓето им беше забранет влез или напуштање на градот, при што на едно лице од секое семејство со негативен тест им беше дозволено да излегува секој ден за да купи основни потреби.

Според државните медиуми, почетокот на есенското полугодие во училиштата е суспендирано, а летовите се стопирани. Не е јасно кога ќе бидат укинати драконските ограничувања.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *