„Извинете, нешто се случува со мене утрово“, водителка доживеа МОЗОЧЕН УДАР во живо додека презентираше вест

Водителка на вести од Националната телевизија на Оклахома доживеа мозочен удар во етерот, принудена да го прекине преносот во саботата наутро.

Џули Чин,  пренесуваше приказна за откажаното лансирање на НАСА „Artemis-I“ кога одеднаш се нашла во ситуација да не може да говори повеќе.

Збунета и пелтечејќи, Чин се обидела да продолжи со емитувањето, но набрзо се нашла целосно неспособна да го изговори својот текст на глас.
„Извинете, нешто се случува со мене утрово и им се извинувам на сите“, едвај рекла, отстапувајќи од сценариото и едвај велејќи: „Само да продолжиме и да го слушнеме метеорологот Ени Браун“.

Браун беспрекорно го презел преносот додека се слушало како Чин се обидува да се извини надвор од камерата.

„Џули те сакаме толку многу, те сакаме многу“, рекол Браун и потоа низ смеа го продолжил емитувањето со зборовите: „Сите ги имаме тие денови“.

Но, тоа не бил само еден од тие денови за Чин, која не се врати во етерот откако била завршена временската прогноза. Наместо тоа, колегите во редакцијата повикале брза помош и Чин беше итно била пренесена во болница.


Во неделата навечер Чин се огласи на „Фејсбук“ за да објасни дека е во добра здравствена состојба и дека лекарите веруваат дека таа претрпела „почетоци на мозочен удар, но не и целосен мозочен удар“.

„Мило ми е што можам да споделам дека сите мои тестови се позитивни. Во овој момент, лекарите мислат дека имав почеток на мозочен удар, но не и целосен мозочен удар“, напишала таа.
Чин објаснила дека се чувствувала добро пред емитувањето, но дека нејзината состојба се влошила нагло и брзо.

„Се чинеше дека епизодата излезе од никаде. Се чувствував одлично пред нашата емисија. Меѓутоа, во текот на неколку минути додека траеа вестите, работите почнаа нагло да се случуваат. Прво, изгубив делумен вид на едното око. Малку подоцна мојата рака и дланка се вкочанија“.

„Потоа, знаев дека сум во голема неволја кога со мојата уста не можев да ги изговорам зборовите што беа веднаш пред мене на телепромптерот. Ако не гледавте тоа саботно утро, знаете колку очајно се обидов да ја продолжам емисијата, но зборовите едноставно не доаѓаа“.
Таа, исто така, им се заблагодари на голем број нејзини колеги за кои рече дека препознале што се случува и почнале да дејствуваат.

„Многу сум благодарна за вашата брза акција. Отсекогаш сум велела дека работам со најдобриот тим, а ова е уште еден доказ“, напиша таа.

Чин истакна дека додека сè уште била во болница и правела некои тестови, планирала да се врати пред камера за неколку дена.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *