„Добар ден, ние дојдовме на преглед!“ Смешна снимка од три слона кои влегуваат во болница стана вирален хит на социјалните мрежи

Неверојатна снимка на која се гледа како три слона шетаат низ болница во Западен Бенгал, стана вирален хит на социјалните мрежи овие денови.

На видеото се гледа како еден од слоновите влегува низ врата наназад, стискајќи го неговото големо тело во ходникот.  Потоа стои во ходникот малку време без да се помрдне, додека вчудоневидените вработени го фотографираат моментот.

Не многу подоцна, на првиот слон му се придружуваат уште двајца пријатели.

Службеничката на индиската шумска служба Сусанта Нанда сподели фотографии од необичните натрапници на „Твитер“, пишувајќи: „Слонови во собата… Од кантонот Јалпаигури“.

Објавите на Сузанта на „Твитер“, како и на вработените во болницата привлекоа многу внимание и смешни коментари: „Ох, господа, замислете некој да излезе од соба сега“. Или „Инспекција!“.
Некои од луѓето го искористија ова видео како повод за да се начне темата за природата и живеалиштата на животните, кои им се одземени од страна на нас луѓето.

„Ова се случува кога го окупираш нивното живеалиште и градиш објекти на него. Тоа е нивна земја и ја сакаат назад“.

 

  • aNrlDHQZXmLK напиша:

    nOwRCgasH

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *