64 годишната Мадона повторно си фати „младо мевце“. Дали 23 годишниот Ендрју Дарнел е новото момче на „кралицата“?

Гласините за романса на Мадона со 23-годишниот модел Ендрју Дарнел се вжештуваат.

Според медиумите, двојката била забележана како разменуваат прегратки додека присуствувале на концерт  на нигерискиот пејач РЕМА во „Ирвинг Плаза“ во Њујорк во петокот.

64-годишната „Материјална девојка“ сподели фотографии од нивното ноќно излегување на „Инстаграм“ во неделата, вклучително и една од Дарнел „завиткан“ околу неа додека прават селфи.

На концертот Мадона изгледала заводливо во црн кожен елек со патент со соодветни панталони со висок струк. Под нејзиниот елек носела секси црна мрежа со долги ракави.

Нејзината пастелно розова коса била направена во обемни локни и, за дополнителен сексапил, таа ги ставила своите завидно затегнати нозе во пар мрежести хулахопки.

Извор на парот, изјави дека откако завршиле со шоуто на РЕМА, љубовниците заедно со нивни пријатели, тргнале кон ресторанот „Мистер“ на Менхетен. Мадона и нејзината екипа дошле до ресторанот само 30 минути пред полноќ и ја поминале целата вечер „танцувајќи и правејќи селфи на масата“.

Ендрју Дарнел бил исто така присутен и на прославата на 10-тиот роденден на ќерките близначки на Мадона, Естер и Стел во неделата. Овој момент беше сосема јавно објавен од страна на „кралицата“ на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

Мадона е исто така мајка и на посвоените деца Дејвид Банда и Мерси Џејмс (16), синот Роко (22) од нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи и ќерката Лурд (25) од поранешниот партнер Карлос Леон. Две од нејзините деца се на блиска возраст со нејзиното ново момче.

Иако се чини дека работите се движат во вистинска насока со Ендру, Мадона е штотуку излезе од врска со 28-годишниот танчер Ахламалик Вилијамс. Поранешниот пар се раздели во април по три години поминати заедно.

Сигурни сме дека Мадона има слабост кон помлади момци, па да видиме колку може оваа врска да потрае?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *