Наставник кој одбил да му се обрати на трансродово дете со „ТИЕ“ наместо со „ТОЈ“, осуден на казна затвор во Ирска

Наставник кој одбил да користи родово неутрални заменки за трансродов ученик е испратен во затворот „Маунтџој“ поради непочитување на судот.

Енох Бурк бил уапсен вчераутро поради прекршување на судскиот налог да не предава во неговото училиште во Вестмит, ниту да биде физички присутен таму.

Откако судијата Мајкл Квин ја донел својата одлука, г-дин Бурк рекол: „Лудост е што ќе ме одведат од оваа судница во затвор, но нема да се откажам од моите христијански верувања“.
Адвокатот на управниот одбор на „Вилсонс Хоспитал“ училиштето рекол дека со „тешко срце“ барал да биде осуден Бурк во затвор, но е дека неговиот клиент не останал без избор бидејќи Бурк продолжил да оди во училиштето и покрај судската наредба што ја добил минатата недела.

Спорот започнал поради неговото одбивање да му се обраќа на ученикот во транзиција како „тие“ наместо „тој“, како што побарал ученикот и неговите родители во мај оваа година.

Ова ескалирало до негова суспензија на ден пред почетокот на учебната година, во очекување на исходот од дисциплинската постапка.

Тој одбил да остане подалеку од училиштето на платено отсуство поради суспензијата, седел во празна училница и таму работел.
Г-дин Бурк му рекол на судијата Квин: „Јас сум учител и не сакам да одам во затвор. Сакам да бидам во мојата училница денес, таму бев утрово кога ме уапсија. Моите религиозни убедувања не се недолично однесување. Тие не се грубо недолично однесување. Тие никогаш нема да бидат. Никогаш нема да ги негирам и никогаш нема да ги изневерам и никогаш нема да се поклонам на наредба што ќе бара од мене да го сторам тоа. Едноставно не е возможно да го сторам тоа“.
Тој ја опиша својата суспензија како „неразумна, неправедна и нефер“.

„Тоа го извалка мојот добар карактер и моето добро име, особено во професијата наставник, каде што човек е толку близок со голем број членови на локалната заедница. Остава дамка на она што беше, за мене, беспрекорно досие за учење“.

Тој прашал како може да се врати на училиште и да се поклони пред нешто за кое верува дека е „очигледно погрешно“, што исто така го опишал и како „газење на неговата совест“. Г-дин Бурк пред судот изјавил дека верува дека „во оваа земја, наставниците се принудени да учествуваат… тие се принудени да ја користат заменката „тие“ наместо „тој“ или „таа“.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *