Уапсен е извршниот директор на турската крипто берза Тодекс! Обвинителството бара казна од 40.000 години затвор!
Во последниве години, се појавија голем број платформи за тргување на кои можете да купувате и продавате крипто валути. Логично, затоа што веќе сите ги прифатија и поседувањето крипто валути не е ништо поразлично како поседувањето пари на картичка. Ниту земаш пари, ниту даваш, а имаш. Бидејќи крипто пазарот има премалку регулативи, тој е уште попримамлив за измамниците како овој.
Во Турција во 2017 се појави платформата за тргување Тодекс, која брзо прерасна во една од најголемите берзи во земјата. Основач и извршен директор беше Фарук Фатих Озер. Платформата имаше нешто помалку од 400.000 корисници кои беа многу активни и генерираа стотици милиони трансакции дневно. Се до минатата година кога платформата ги замрзна сите сметки и нагло престана да тргува. Причината: Имало компании и банки подготвени да инвестираат во компанијата . За да се направи ова, сите трансакции на корисниците мораа да бидат стопирани. Тоа би траело четири до пет дена, но неколку дена подоцна веб-страницата повеќе не беше достапна.
Газдата побегна со 1,7 милијарди евра
Според локалните медиуми, Фарук Фатих Озер побегнал или во Албанија или во Тајланд. Во својот дигитален паричник тој ги имаше средствата на сите корисници, околу 1,7 милијарди евра. Турските власти извршија рација во осум турски градови и уапсија 62 лица за наводни врски со Тодекс.
Уапсен
По долга потрага, тој конечно беше уапсен во Албанија минатата недела. Турското Министерство за внатрешни работи потврди дека тој бил фатен во градот Валона. Блумберг објави дека во случајот со крипто берзата Тодекс обвинети се 21 лице за кое обвинителството пресметало дека треба да лежат по 40.000 години.

Коментирај анонимно