Јадењето во ресторан во Британија ќе стане луксуз само за најбогатите? Поради астрономските сметки за струја една порција месо ќе чини 100 фунти!

Шефовите на рестораните предупредуваат дека ќе мора да наплаќаат по 100 фунти за стек ако сметките за струја не се намалат. Експертите велат дека доколку ова се случи 50.000 бизниси се во опасност од пропаѓање.

Мартин Вилијамс, главен извршен директор на „Ретки ресторани“, кој е сопственик на синџирот ресторани „Гаучо“, вели дека малите и средни бизниси  се изложени на ризик да пропаднат поради зголемените трошоци.

Г-дин Вилијамс изјави: „Во „Ретки ресторани“ ги фиксиравме нашите цени за струја. Да не го направевме тоа, во нашите 22 ресторани влијанието на зголемените трошоци ќе резултираше со удар од 3,5 милиони евра на наш трошок“.

„За да се одржат маржите, ова би значело дека една порција бифтек ќе треба да се зголеми тројно, и да чини  повеќе од 100 евра“.

„Доколку не се решат цените на струјата, рестораните низ целиот свет нема да можат одржливо да се отворат и многу мали и средни претпријатија за жал ќе пропаднат“.

Парчињата говедско месо во 22-те ресторани на синџирот моментално се движат од 19,50 до 57 евра, во зависност од големината на парчето.

Во меѓувреме, поранешен ресторан со ѕвезда на Мишелин е принуден да се затвори поради зголемените сметки за енергија.

„Никогаш не сакавме да оствариме огромен профит, но секако не сакавме да направиме ниту загуба. Бизнисот станува неостварлив“, велат сопствениците на ресторани кои се соочуваат со овој проблем.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *