„Секогаш ја заклучував вратата од мојата спална соба навечер“ – 10 чудни и морничави приказни за цимерите
Ако сте посетувале универзитет или живеете во град каде што цените на киријата се смешно високи, големи се шансите да имате искуство да живеете со цимери. Можеби сте започнале како странци и брзо сте станале најдобри пријатели или обратно, сте започнале како најдобри пријатели и брзо завршивте како вечни непријатели. Никогаш не знаете што точно ќе добиете од цимер, затоа што никогаш не познавате личност додека не живеете со неа.
1.

Порано живеев со две стриптизети. Непотребно е да се каже дека тие не беа ранобудници. Едно неделно утро, некој чука на влезната врата. Јеховините сведоци. Така, К ја отвора вратата и ги покани на кафе. Беше „пиштол“ гола. К е убава, впечатлива со извајано тело и многу тетоважи и пирсови.
Непотребно е да се каже, тие заминаа, брзо. И никогаш повеќе немавме мисионери на нашата врата.
2.

Имав многу религиозен цимер кој се викаше Мајк. Не читаше ниедна друга книга освен Библијата и се молеше во средината на дневната. Беше малку чуден, но секогаш плаќаше кирија на време и си чистеше позади себе.
Како и да е еден ден седев во дневната и пиев кафе, Мајк дојде загрижен и ми рече: „Мислам дека демон живее во куќата“.
Јас не знаев што да одговорам и го прашав: „Добро и?“
Тој продолжи: „Па ноќеска сонував како ме дави змија, се борев и успеав да ја тргнам од мене и да ја фрлам. Конечно се ослободив од неа, но во тој момент сфатив дека сум буден и погледнав кај твојот кревет и тогаш го видов. Демон. Мрачен облак стоеше до твојот кревет и те гледаше како спиеш. Имаше бели очи. Мислам дека ја има опседнато куќата“.
Зачуден од она што го зборува, прашав што да правиме во врска со тоа.
„Егзорцизам“ рече тој.
За малку ќе си го исплукав кафето. „Па јас никогаш немам правено егзорцизам“ му реков.
„Јас имам“, ме прекина тој. Јас бев како, „добро ако велиш така“.
Како и да е, во основа тој благослови света вода (од чешмата) и шеташе низ собата фрлајќи ја ваму-таму викајќи: „ВО ИМЕТО НА ИСУС ХРИСТОС, ТИ ЗАПОВЕДУВАМ ДА ЗАМИНЕШ, ДЕМОНЕ!!“
Во меѓувреме, се трудам да не се смеам цели 30 минути додека не заврши, тој буквално се поти во молитва и на крајот стана и кажа „Готово е“ и отиде во својата соба. Никогаш повеќе не разговаравме за тоа.
3.

Ги има МНОГУ, но една од моите цимерки скоро секоја вечер месечареше, а јас бев единствената што е будна кога и да се случи тоа. Сум била сведок како го чисти нашиот фрижидер, како раскрева низ станот, како го цитира Шекспир во сон. Секогаш кога ќе ја прашам дали се сеќава на нешто од тоа, одговорот секогаш беше не.
4.

Мојот цимер на факултет тврдеше дека е вмешан во мафијата. Постојано беше во некое брзање, испотен и секогаш имаше многу пари во автомобилот. Тој никогаш не беше наоколу за време на викендите и никогаш не го видов како пие. Најчудно од сè е што тој ниту еднаш не спиеше во својата соба. Секогаш беше на каучот покрај вратата. На крајот ми рече дека тоа е затоа што ако некој некогаш провалил во потрага по него, сакал „тие“ веднаш да го најдат, па никој друг да не се повреди. Сè уште не знам дали ја зборуваше вистината, но сепак СЕКОГАШ ја заклучував вратата од мојата спална соба ноќе.
5.

Мојот цимер еднаш создаде сосема нов облик на живот оставајќи грав во фрижидер додека не мувлоса до толку што целиот стана бел. Потоа се налути кога го фрлив затоа што ќе го искористел подоцна.
6.

Научив цимерка како да врие вода. Ледениот чај беше првото нешто што таа некогаш го направи, освен сендвичи и салати.
7.

Мојот цимер почна да ме гледа од темните ќошиња на куќата навечер. Премногу морничаво.
8.

Првиот цимер од факултет ретко переше алишта и ми ја „позајмуваше“ долната облека – особено за состаноци – и ми ја враќаше валкана (неизмиена).
Недвосмислено му реков да престане да го прави тоа, но сепак не престана.
9.

Имав цимерка која секој викенд спиеше со нов дечко и ја слушавме ГЛАСНО низ ѕидот. Ќе и кажевме дека ја слушаме и таа жестоко негираше секој пат дека спие со некого.
10.

Имав цимерка од факултет која беше опседната со CSI. Таа имаше CSI перница и чаршафи/ќебиња. Таа одбиваше да палиме светла и ги држеше сите ролетни затворени. Ја мразеше светлината и гласно воздивнуваше ако ги запалам светлата за да направам нешто. Кога направив акаунт на Фејсбук, таа ми кажа дека Фејсбук е начинот на кој нè шпионираат… рече дека никогаш нема да има социјални мрежи и секогаш велеше сум овца и дека „тие“ ќе ми го украдат идентитетот.

Коментирај анонимно