10 тајни состојки во готвењето, кои ќе ве направат Џејми Оливер во вашата кујна!

Секој си има свој начин на готвење и свои тајни состојки кои си ги користи во подготвувањето на секојдневниот ручек. На пример оризот што го правите вие, не е ист со оризот на вашата мајка или баба. Тоа колку што е поради различниот начин на подготовка толку е и поради различните зачини и тајни состојки. Во прилог ви прикажуваме некои тајни состојки кои можат секоја храна да ја направат за многу поквалитетна и да ве искачат на пиедесталот за најдобар шеф во вашата кујна.

1. Лимон

Генерално, било кој цитрус или киселина дава дополнителен шмек на секој оброк. Така што, не го игнорирајте лимонот, секогаш користете го за да го освежите вашиот ручек.

2. Печурки во прав

Не секогаш сакаме печурки со нашиот ручек, но вкусот што тие можат да го дадат на храната е незаменлив. Па затоа користете печурки во прав и дадете му арома и длабочина на оброкот.

3. Капери

Не мора да сте Италијанец за да користите капери во вашето готвење. Тие стануваат се попопуларни кај нас и нема да погрешите ако почнете да ги ставате во месо, салати или било каков гарнир.

4. Парчиња сушена пиперка

Додате ги во текот на готвењето или на крајот како последен допир на вашиот оброк, нема да погрешите!

5. Табаско или чипотле сос

Неколку капки од овие сосови во било кој друг сос или храна, ја менуваат целата смисла на вашиот ручек. Доколку не сте љубител на луто внимавајте, бидејќи знаат да бидат многу лути.

6. Кимчи

Може да се додаде во било што: сосови, салати, сендивичи, месо, супи…

7. Џи путер

Заменете го било кое друго масло или путер со Џи путер. Можете да го користите за пржење, печење или да го јадете сиров. Има многу повеќе здравствени придобивки отколку што можете да замислите за еден путер.

8. Лук

Не е тајна дека лукот е еден од главните играчи во кујната. Оние што не го сакаат неговиот мирис и вкус преферираат лук во прав, но сепак свежиот лук дава многу подобра арома на храната и е многу полезен за вашето здравје.

9. Вино

Покрај тоа што супер оди со храна, супер оди и во храна. Ставете неколку голтки вино во вашиот сос и може да добиете врвни тестенини како во некој Италијански ресторан. Секако виното е одличен додаток и со печено месо. Ќе му даде арома, мекост и дополнителен вкус на секое парче месо.

10. Сечуански бибер

Користете го со мелена пиперка, во сооднос 1:3 (бибер:пиперка) и подготовете се за магија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *