За прв пат во историјата се појавува оваа дијагноза! Канаѓанка е првата жена со оваа необична дијагноза што до сега не постоеше!

Рекордни топлотни бранови во Канада и делови од САД усмртија повеќе од сто луѓе. Во Британска Колумбија од последиците на абнормалната топлина починаа 233 луѓе. Според метеоролозите, вонредната состојба е предизвикана од „куполата со висок притисок“ над северозападниот дел, влошена од климатските промени.

Па така кога една 70-годишна Канаѓанка дошла со многу влошено здравје после сите испитувања и набљудувања, д-р Кајл Мерит поставил една необична дијагноза. Канаѓанката е првата пациентка во светот на која ѝ е дијагностицирано „климатски промени“, бидејќи лекарите ја поврзуваат нејзината состојба со топлотните бранови на почетокот на оваа година.

Според лекарите, жената страдала од постојани климатски промени.

„Нејзиното здравје се влоши. Таа навистина се бореше да се олади. Моравме да смислиме како да разладиме некого во собата за итни случаи. Луѓето трчаа до продавница за да купат спрејови“, изјави шефот на одделот за итни случаи за локалните медиуми.

Климатските промени веројатно придонесуваат, имајќи ја предвид должината на топлотниот бран, екстремните температури и фактот што тој поставува нови високи температури еден месец порано отколку за време на нормалната топла сезона. Екстремно топли или влажни услови создаваат зголемен ризик од топлотен удар или дури и топлотна исцрпеност.

Лекарите беа принудени да најдат начини да го надминат зголемениот притисок врз болниците во регионот бидејќи се повеќе пациенти пристигнуваа со топлотен удар и други болести поврзани со топлина.

Топлотните бранови сепак не беа единствената причина за смрт. Во регионот беснеат шумски пожари кои го загадуваат воздухот, го полнат со штетни материи.

„Ако не ја разгледаме основната причина, тогаш само ќе ги третираме симптомите. Нема да можеме да го решиме проблемот на тој начин“, рече д-р Мерит. „Само се обидувам да го обработам она што го гледам. Се грижиме за сите, од најпривилегираните до најранливите. И тешко е да се гледаат луѓето како страдаат, особено најранливите во општеството. Фрустрирачки е“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *