„А мене едно незгодно…“ – приказни за запознавања од кои можете да снимате нова серија
Велат дека симпатиите меѓу 2 лица се јавуваат во првите 3 секунди од нивната прва средба. Но, ако за повеќето минливо чувство исчезне толку брзо како што се појавува, тогаш за нас особено среќните, искрата се претвора не само во бурна романса, туку во полноправна „и тие живееја среќно до крајот на животот“.
Ние запознавме луѓе со чии незгодни приказни се претвориле во нешто за цел живот
1.
Бевме излезени со пријателот. Одеднаш од соседното сепаре една девојка му вели: „Здраво како си?“. Тој и одговори и почнаа да прават муабет. Како што си отидовме готово беше заљубен до уши. Почнаа да се гледаат и тоа беше бура, искри емоции. Сега веќе се 15 години заедно и имаат и деца. Само што жена му му признала дека првично кога рекла „Здраво како си?“ тоа било телефонски повик, но кога тој ѝ одговорил и паднало незгодно и го продолжила муабетот.
2.
Цело мое детство, сестра ми сонуваше дека ќе порасне и ќе оди во Холивуд, ќе глуми во филмови и ќе се омажи за странец. Таа имаше 23 години кога се врати дома од Лос Анџелес за да објави дека се мажи за некој странец. Таа и јас отидовме во кафуле да прославиме. Таму случајно ѝ падна ракавицата. Еден келнер се наведнa да ја земе и да v ја подаде. Не го тргаа погледот еден од друг околу 2 минути. Сега живее во селото со сопругот поранешен келнер, го воспитува синот, јава коњ, носи вода од бунар и вели дека не можела да очекува поголема среќа во животот.

3.
Година по разводот, борба со очајот. Се регистрирав на страница за запознавање. Ми стигна прва порака: „Омажи се за мене“. Немаше профилна фотографија, само возраст, висина, тежина. Јас на шега одговорив: „Епа таман треба да си го земам и пасошот“. Всушност навистина требаше да одам во службата да си го земам и пасошот, а таму има и матично. Но еден месец после ова се венчавме, денес имаме 2 ќерки и 2 сина.
4.
Мојот сопруг ме напушти и отиде во Германија да работи. Рече дека нема да се врати. Повеќето работи ги остави. Почнав да продавам сè преку Интернет. Многу мажи одговорија. Еден од нив ме покани на состанок. Сега сме во среќен брак.

5.
Пред 11 години излеговме машко друштво и се запознавме со девојки. Еден од моите пријатели ја зграпчува најубавата од нив и ја става околу вратот. Музика, смеа. Потоа се сопнува и ѝ го треска лицето во асфалтот. Ги исчукала забите, но пријателот ја однел од болница кај него. На крајот се венчаа. Ставени се нови заби. Среќни, тие го воспитуваат својот син.
6.
Откако се преселив во друг град, излегов во мојата нова градина и ја видов. Таа ме загледа почувствував возбуда. На крајот се испотави дека само сакала да праша што, по ѓаволите, зјапав во нивниот двор. Така првпат се запознавме и сега сме неразделни.
7.
Еден колега се возел во преполн автобус до работа. Посегнал по својот џеб за да го извади телефонот, но одеднаш не бил таму и бил упорен да бркне поубаво во џепот. Но тоа не бил неговиот џеп туку на девојката што стоела до него. Тој сфатил, таа се изнасмеала. Излегле заедно од автобусот и од тогаш почнаа да излегуваат. Сега се во среќен брак.

Коментирај анонимно