Како на филм! Огромниот пожар „го проголта“ облакодерот од 42 ката!

Пожар зафатил облакодер во централниот кинески град Чангша, а властите соопштија дека се уште нема жртви. Пожарот избувна во зграда од 42 ката во која се наоѓа канцеларија на државната телекомуникациска компанија China Telecom.

Провинциската противпожарна служба подоцна во објава на социјалните мрежи соопшти дека „во моментов пожарот е изгаснат, а сè уште не откривме жртви“.

Смртоносните пожари се вообичаени во Кина, каде што слабото спроведување на правилата за градба и неовластеното градење може да им отежнат на луѓето да бегаат од запалените згради.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *