Како да се храните здраво, а притоа да не потрошите едно чудо пари? 11 совети што ќе ве натераат веднаш да се „пикнете“ во кујната!

Со одредено планирање, има работи што можете да ги направите дома и сето тоа да биде многу полесно и поисплатливо. Со одредена практика, можеби ќе почнете да ја сакате храната што ја правите.

Значи, ако сакате да бидете здрави, но притоа да поминете ефтино, мора да бидете подготвени да дадете приоритет да ги правите работите сами. Еве неколку идеи како да започнете да се храните здраво, а притоа да не трошите

1) Чувајте ја вашата остава секогаш полна

Пред да започнете да готвите повеќе, ви требаат неколку основни работи: масло, оцет, сол, бибер (и сите други зачини што ги сакате), кромид и лук.

Исто така, лименки со доматен сос, туна, грав, тестенини, ориз, леќа, компири, замрзнато овошје и зеленчук и кафе и/или чај. Ако ги имате овие работи во вашата куќа, можете да направите многу брзи и здрави јадења без постојано да одите во самопослуга.

2) Размислете за нутритивната вредност на сѐ што купувате

Адам Друновски, нутриционистички епидемиолог кој ја мери густината на хранливи материи по долар храна, истакна дека некоја здрава храна може да биде навистина ефтина.

Кога рангирал различни намирници по чиста калорија по долар, открил дека мастите, шеќерот, житарките, компирите и гравот се поисплатливи од месото, рибата и свежите производи. Млечните производи и јајцата обично паѓаат некаде на средина. Се разбира, гравот, житарките, некои масти, млекото и јајцата се многу здрави.

„Зрната, шеќерите и мастите се ефтини извори на калории“, образложи Друновски. „Но, храната богата со хранливи материи (како млечни производи, грав и јајца) се евтини извори на клучните хранливи материи“.

3) Месото треба да биде ретко уживање – и кога ќе го купите, барајте тешки парчиња

Можете да добиете многу протеини од немесни извори – грав, мешунки, тофу, јајца. Тие се исто така поефтини од месото и рибата.

Ако навистина купувате месо, побарајте поголеми парчиња (како телешки гради или бут), вели авторот на „Dorito Effect“ , Марк Шацкер : „Потребно е подолго да се готват од средните парчиња, но инвестицијата на време дава неверојатни можности за вкус и текстура“.

4) Купувајте на големо

За најважните работи, како оние наведени во точка 1, често е многу поефтино да се купат поголеми количини однапред – голема вреќа ориз, неколку литри масло – отколку постојано да се складираат помали пакувања.

5) Гответе на големо

Ова ќе ви заштеди време и пари. Направете големо тенџере со супа или сос од домати за време на викендот и јадете го во текот на неделата. Кога ќе готвите оброк една вечер, направете малку дополнително за ручек или за следниот ден. Замрзнете ги оброците за во иднина. Секогаш обидувајте се да извлечете максимум за вашето време за готвење.

6) Не бегајте од замрзнатото овошје и зеленчук

Замрзнатите малини и дивите боровинки се исто толку добри или подобри од свежите работи донесени од Господ знае каде, за време на постудените месеци и се секако многу поефтини. Истражувањето за ова прашање, исто така, сугерира дека свежите и замрзнатите имаат прилично слични нутритивни вредности како и свежите.

7) Никогаш не купувајте прелив за салата

Сега кога ги имате најважните работи во вашата кујна, можете сами да направите прелив за салата многу брзо и многу поефтино. Сè што е потребно е да измешате малку маслиново масло, оцет, сол и бибер. Додадете лук или други зачини ако сакате. Можете да го чувате во фрижидер околу една недела.

8) Направете кафе или чај дома

Варењето кафе сабајлечки дома, вреди неколку центи. Купувањето во продавница чини неколку евра секој ден.

9) Зачинете ја храната за да има добар вкус

Причината зошто храната во ресторанот е толку вкусна е затоа што е полна со сол. Но, малку е веројатно дека некогаш ќе користите толку дома колку што готвачите користат во рестораните. Затоа, не грижете се за ова премногу – зачинете по ваш вкус. Ако тоа значи дека ќе се чувствувате позадоволни и всушност ќе уживате во јадењето дома, тоа многу ќе ви помогне околу здравјето.

10) Заменете ги содата и сокот со вода

Водата е бесплатна! Зашеќерените пијалоци нудат мала или никаква нутритивна предност, но дефинитивно ќе го здебелат вашиот струк и ќе го намалат вашиот паричник. Престанете да ги купувате.

11) Не плашете се од датумите на истекување или од храната што изгледа помалку од совршено

Не ви прегложуваме да јадете расипана храна, секако. Има многу намирници што можете да ги јадете по истекот на рокот, што често е конзервативна проценка. Затоа размислете пред да фрлите следниот пат.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *