Британскиот музеј е полн со украдени предмети, од кои 2,976 се од античка Македонија!

Британскиот музеј е најголемиот историски музеј и привлекува милиони посетители секоја година. Внатре содржи повеќе од 8 милиони културни и истористки артифакти од целиот свет што покриваат 2 милиони години од човечката историја.

Но има еден проблем скриен во музејот многу од овие скапоцености е спорно кому припаѓаат. Британскиот музеј тврди дека тие работи припаѓаат таму, но во последните години многу се борат за да ги вратат таму од каде што дошле и бараат музејот да им го врати тоа што го украл.

Како Британскиот музеј ги земал сите овие работи?

Во доцните 1600-ти Британската Империја почнала да се шири преку неколку континенти.

Станала најголемата империја во историјата со тоа што контролирала четвртина од светската популација и земја. Па така додека владеела империјата земала скапоцени ресурси и богатство од земјите низ светот, вклучувајќи културни и историски артифакти. Па многу завршиле во Британскиот музеј кој бил основан во 1753 година.

Многу од предметите се легално земени, но проблемот е со оние кои се спорни. Како на пример првата работа што ќе ја видите како што ќе влезете во музејот која е земена од во тоа време Французите, а сега Египќаните.

Најспорните артифакти се тие од кралството Бенин во денешно време Нигерија.

„Британскиот музеј сè уште се однесува како колонијален музеј. Не можете да тврдите дека сте енциклопедиски колектори на УКРАДЕНИ предмети“ – вели историчарот на уметност и професор на Принстон, Чика.

Листата на овие предмети расте. Дебата е жестока и многумина ги бараат предметите онаму каде што припаѓаат. Така откривме дека на страната на Британскиот Музеј има дури 2,976  предмети што се украдени од античка Македонија. За да се уверите само отворете го линкот и кликнете на „Related Objects“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *