Маченичкиот живот на децата, кои напорно работат во авганистанските фабрики за тули

Набила работи 10 или повеќе часа на ден, извршувајќи ја напорната, валкана работа со ставање глина во калапи и влечење колички полни со тули. На своите 12 години, таа половина живот работи во фабрики за тули и веројатно е најстарата од сите нејзини колешки.

Големиот број на деца принудени да работат во Авганистан е во пораст, поттикнат од колапсот на економијата откако Талибанците ја презедоа власта во земјата и светот ги прекина спасувачките пакети пред нешто повеќе од една година.

Една неодамнешна анкета на Save the Children покажа дека половина од семејствата ги испраќаат своите деца на работа, за да ја имаат храна на масата.

Ова најсликовито се гледа во многуте фабрики за тули на автопатот северно од главниот град Кабул. Условите во фабриките се тешки дури и за возрасните. Но, во речиси сите, децата на возраст од четири или пет години работат со своите семејства од раните утрински часови до темнината на летните жештини.

Работниците добиваат околу 200 денари за секои 1.000 тули што ги прават. Еден возрасен што работи сам не може да направи толку многу во еден ден, но ако децата помогнат, како што велат тие, тогаш можат да направат 1.500 тули дневно.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *