Може да си ги намалите шансите за рак за 40% ако ги следите следниве совети

На глобално ниво, во 2020 година биле дијагностицирани 18.094.716 милиони случаи на рак. Во 2020 во Македонија  имало 6638 смртни случаи од рак. А во просек има 35 нови случаи на ден.

Брзата храна, алкохолот и преголемото изложување на сонце придонесуваат за постојаното зголемување на бројката на рак годишно предупредуваат од Светскиот фонт за истражување на ракот. Дел од препораките се да се намали јадење на црвено месо, да се избегнува преработено месо и да се пие помалку алкохол.

Прекумерната тежина или дебелината е поврзана со поголем ризик од 13 видови на рак, вклучувајќи ги дојката, матката, цревата, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Се проценува дека пушењето е одговорно за 70 отсто од случаите на рак на белите дробови, речиси една петтина од сите нови случаи на рак годишно.

Но, бидејќи околу две третини од возрасните и една третина од децата се со прекумерна тежина или дебели, експертите предупредуваат дека е само прашање на време кога ова ќе го надмине пушењето како водечка причина за болеста.

Д-р Ванеса Гордон-Дсеагу која финансира научници ширум светот за да ги испитаат начините за спречување на ракот, рече дека шансите за заразување со многу видови рак може да се намалат со избегнување на алкохол, јадење не повеќе од три порции црвено месо неделно и малку, доколку воопшто има потреба, преработено месо.

„Со текот на годините, истражувањата процениле дека околу 40 отсто од карциномот се поврзани со модифицирани фактори на ризик“, додаде д-р Гордон-Дсеагу. „Тие вклучуваат пушење и ограничување на изложувањето на сонце. Покрај ова, истражувањата покажаа дека, следејќи ги препораките на Фондот за превенција од рак, поединците можат да го намалат ризикот“.

„Скринингот игра витална улога во подобрувањето на резултатите од ракот – колку порано некој е дијагностициран, толку е поголема веројатноста дека ќе преживее“.

 

Знаци и симптоми на канцер

 

Бидејќи има многу различни видови на рак, симптомите се разновидни и зависат од тоа каде се наоѓа болеста. Сепак, постојат неколку клучни знаци и симптоми на кои треба да се внимава, вклучувајќи:

Невообичаени грутки или оток – канцерозните грутки честопати се безболни и може да се зголемат при напредувањето на канцерот.

Кашлање, останување без здив или потешкотии при голтање – бидете свесни за постојани епизоди на кашлање, останување без здив или потешкотии при голтање.

Промени во столицата – како што се запек и дијареја и / или присуство на крв во столицата.

Неочекувано крварење – вклучува крварење од вагина, анус или крв пронајдена во столица, урина или при кашлање.

Необјаснето губење на тежината – необјаснето и ненамерно губење на тежината за краток временски период (неколку месеци).

Замор – чувство на екстремен замор и сериозен недостаток на енергија. Ако заморот е резултат на канцер, индивидуите обично имаат и други симптоми.

Болка – вклучува необјаснета, постојана или повремена болка.

Нов младеж или промени на стар младеж – побарај промени во големината, формата или бојата, дали има лушпа, крварење или исцедок.

Компликации при мокрење – вклучува потреба од итно мокрење, зачестено мокрење или пак неможност за мокрење кога има потреба или има болка при мокрење.

Невообичаени промени на дојките – побарај промени во големината, формата или чувството, промени на кожата и болка.

Губење на апетит – чувство на недостаток на апетит од вообичаеното во подолг временски период.

Рана или чир што не заздравува – вклучувајќи брунка, рана или чир на устата.

Жарење (печење) или проблеми со варење – постојано или болно жарење во

желудникот или проблеми со варењето.

Интензивни ноќни потења – бидете свесни за многу интензивни ноќни потења.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *