Мајка (46) направи „бум“ со нејзиниот изглед, па луѓето мислат дека е сестра на нејзините ќерки (24)! Можете ли да препознаете која е мајката?

Мајка и нејзините ќерки- близначки тврдат дека ги сметаат за сестри сите три, поради младешкиот изглед на мајката.

Близначките Дана и Хуана Насер (24), кои живеат во Лондон и во Јордан, велат дека толку многу личат на нивната мајка Сахар Дарвазех (46), што луѓето понекогаш мислат дека сите три се сестри.

Трите жени станаа вирално популарни откако се појавија во видео на „TikTok“, кадешто збунија многумина од нивните следбеници.


Дана вели: „Толку личиме што луѓето понекогаш мислат дека сме тројка- близначки. Ние сме исклучително среќни што имаме убава мајка, всушност сме најдобри пријателки и постојано се дружиме со неа!“
Близначките обично прават видеа на „TikTok“ за забава, но не очекувале дека ова видео ќе се вивне толку многу.

Споделувајќи ја нивната тајна за добриот изглед на семејството, Дана вели дека сè е сведено на вежбање и „пиење многу вода“.
Сепак, иако нејзината мајка е природна убавица, таа повремено прави „минимални зафати на лицето“.

Инфлуенсерката, која е во процес на лансирање на сопствен бренд за продолжување на косата, додава: „Кога го објавивме тоа видео имавме многу реакции, пофалви, дури и случајни луѓе кои го споделуваа видеото со членовите на нашето семејство!“

„Некои од советите што ги споделуваме за да изгледаме младешки се дека вежбаме пет пати неделно, пиеме многу вода и се трудиме да се храниме здраво колку што е можно повеќе“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *