Бегај и не гледај назад! – 10 приказни кои ќе ве освестат кога треба да „фатите штрафта“ од интерјвуто за работа
Сите ние преживуваме не едно, не десет, туку солидна количина на интервјуа за работа во текот на нашите животи. Би било тешко да се најде личност која искрено ужива во нив, освен ако не е на спротивниот крај од масата и не седи на местото на регрутер. И иако многу луѓе се плашат од нив, одвреме-навреме сепак треба да ги поминеме за да останеме на сè поконкурентниот пазар на труд.
Меѓутоа, понекогаш, барателите на работа стануваат премногу очајни за да се продадат и да добијат работа, па забораваат дека компанијата што ги интервјуира треба да ве импресионира. Можеби сме слепи за знаците кои покажуваат дека ова работно место не само што е недостојно за вашето внимание, туку е сосема токсично.
Така, денес погледнавме некои приказни кои ги споделија луѓето, па така ќе научите малку повеќе кога ќе одите следен пат на интервју.
1.

Еднаш ме прашаа за време на интервју за работа за мојата толеранција кон вербална злоупотреба. Кога лицето забележа дека сум малку изненаден од прашањето, брзо се надоврза и рече „Имајте на ум прашувам за ВЕРБАЛНА злоупотреба, а не за физичка злоупотреба“. Веднаш сфатив дека тоа нема да биде работа за мене и се оправдав од понатамошно размислување за позицијата.
2.

Не стигнав ни на интервју. Добив повик за да дојдам. Велам ок, можам среда, четврток, петок. Тој вели „Ми треба да дојдеш денес“. Добро. Ми треба работа па велам дека можам да се обидам, каде треба да одам? Фирмата беше оддалечена еден час со автомобил. Реков дека не можам и тој се збуни. Пријателе, ако си толку без осет а сè уште не работам кај тебе, не сакам ни да знам како се однесуваш со вработените.
3.

Кога шетате низ канцеларијата и не видите ниту една личност која се насмевнува. Ако сите таму изгледаат мизерно, јас сум надвор, животот е премногу краток за тоа.
4.

Во многу индустрии, „Понекогаш работиме навистина долги часови, така што навистина бараме некој кој е подготвен да вложи часови и е заинтересиран да има поголемо влијание“ е код за „бараме некој да ги жртвува нивните викенди на промената на нашите произволни цели и очекувања затоа што не можеме да се мачиме да платиме второ лице за оваа улога“.
5.

Мојот свекор рече дека неодамна имал интервју на едно место и дека некои од поволностите биле храна: појадок, ручек и вечера биле обезбедени.
… чекај зошто би ми требала вечера?
Не планирам да бидам тука за вечера.
6.

„Дали би биле подготвени да се откажете од неколку денови за одмор за да им помогнете на некои ваши колеги од работа да ја завршат својата работа?“
7.

Секогаш директно прашувам „дали некогаш сте морале да отпуштате вработени како резултат на проблеми со буџетот?“
Не сакам да останам без работа затоа што некој не можел одговорно да ги одвои средствата за да ми плати.
8.

Бев на интервју за работа и ме прашаа зошто сакам да ја напуштам сегашната работа. Реков дека завршив со смените од 12 часа и бев принуден да работам дополнителен ден за викенд поради мал поттик.
Тој рече: „Така функционира аутсорсингот пријателе“
Јас учтиво одбив.
9.

Ми се јавија за интервју за работа од дома. Направив малку истражување за фирмата и открив дека ги натерале вработените да инсталираат софтвер кој го фотографирал нивното лице на секои 9 минути за да се осигурaат дека не се глупираат и работат. Можеш ли да замислиш? Не сакам мојот работодавец да има огромна колекција од непријатните изрази на лицето што ги правам. Одбиено интервју.
10.

Интервјуто беше во 10 часот, ме натераа да чекам до 10:45 пред некој конечно да ме види.
Првото прашање што ми го поставија беше како се чувствувам кога работам прекувремено. Ме прашаа уште 2-3 пати дали сум НАВИСТИНА сигурен дека сум во ред со тоа, што ми кажува дека А: Ќе ме натераат да работам многу, а Б: други луѓе ќе дадат отказ набргу откако почнале да работат, зашто нешто овде не е во ред.
Кога ги замолив да ја опишат работната средина/култура, еден тип вели дека понекогаш се гаѓаат едни со други и тоа е интензивно, но тие се како големо нефункционално семејство. Не, благодарам.

trazim poso, bolje da ne nadzem… a koga nie ke bideme gazdi… e togas se e rozevo…
ama e ubavo niz svetot 🙂 ama ovde e MK 🙁 nema biranje daj sta das
Коментирај анонимно