Индиските селани ја напуштаат работата за да станат блогери. Најстарата блогерка е 85-годишна баба

Тулси, мало село во индиската држава Чатисгар, стана познато како „Селото на YouTube“ бидејќи една третина од неговото население заработува за живот создавајќи видео содржини.

Онлајн видео содржините се попопуларни од кога било и не е изненадување што милиони луѓе ширум светот напорно работат обидувајќи се да изградат кариера како креатори на видео. Но, никаде нема таква концентрација на Јутјубери како во селото Тулси, каде што повеќе од една третина од 3.000 локални жители заработуваат со активно правење видеа и нивно објавување на YouTube.

Многу од овие креатори порано биле фармери, но откако слушнале дека некои нивни врсници ги удвоиле, дури и тројно ги зголемиле приходите правејќи видеа на YouTube, решија дека е време да ја сменат кариерата.

 

 

Историјата на индиското село започнала со двајца пријатели, Гјанендра Шукла и Јаја Верма, кои ја напуштиле работата како мрежен инженер и учител за да создадат видео содржини. Наскоро почнале да заработуваат добри пари и веста за нивниот успех се проширила низ селото, инспирирајќи ги другите да ги следат нивните стапки.

„Порано работев во SBI како мрежен инженер. Мојата канцеларија имаше брз интернет и таму гледав видеа на YouTube“, изјави Шукла. „Тогаш веќе се занимавав со филмови. Во 2011-12 година беше лансирана нова верзија на YouTube. Во тоа време имаше многу малку канали на YouTube. Не бев задоволен со мојата работа, па ја напуштив и почнав да работам со YouTube“.

Околу 40 отсто од населението во селото моментално создава видео содржини за платформи како YouTube, TikTok или Instagram, при што најмладата има 15 години, а најстарата е баба на 85 години. Околу 40 главни канали на селото Тулси вклучуваат речиси сè, од комедија и музика до образование. Најпопуларниот канал на YouTube има над 100.000 претплатници.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *