10 славни дами даваат совети за тоа како да се научиме да си го сакаме нашето тело без разлика на тежината!

Од поминување низ тешки времиња до учење да ги прифатат своите несовршености, познатите личности го направиле тоа многу пати. Но, тоа не значи дека тие не се ранливи. На крајот на краиштата, тие се само луѓе. Тие едноставно успеаја да ги надминат тие негативни мисли и да се самоприфатат.

1. „Вашата вредоност ја одредувате вие самите“- Бијонсе

Со децении, Бијонсе Ноулс го заслепува светот со својот музички талент и умешност. Затоа, не е ни чудо што Квин Б, мајка на 3 деца, претприемач и уметник на врвот на топ листите, е цврст поддржувач на негувањето на самодовербата.

2. „Научете се да кажете не!“- Џамила Џамил

На прашањето каков е нејзиниот совет до луѓето кои се борат со самоприфаќање, одговорот на Џамила Џамил бил: да бидете малку себични, да се однесувате кон себе добро и да бидете помалку „личност која вели само да“ и да почнете да кажувате „не“.

3. „Не се дружам со луѓе кои ми ја предочуваат мојата несигурност“- Адел

Во едно интервју, Адел призна дека иако сака да биде своја, има и несигурности. Сепак, таа не би сакала да поминува време со луѓе кои прават од нејзиниот изглед, проблем. Таа вели: „Се разбира, имам несигурности, но не се дружам со никој што ми ги посочува“.

4. „Не се гледајте толку многу во огледалото“- Џенифер Гарнер

Кога ја прашале за нејзиниот омилен совет за убавина, одговорот на Џенифер Гарнер е: да се гледаме помалку во огледало и да престанеме да се грижиме и да размислуваме за други работи што би можеле да ги правиме со нашето слободно време. Таа вели дека е штетно за нашето целокупно здравје да се гледаме постојано во огледало и да се опседнуваме за неговите промени и изглед.

5. „Бидете искрени за она што ви треба“- Лизо

Како поборник за самољубие, Лизо верува дека грижата за себе треба да биде вкоренета во самоодржувањето. И тоа започнува со тоа што ќе бидеме искрени за тоа што ни треба и ќе го сервираме тоа за себе. Таа вели дека грижата за себе е повеќе од само средување на вашите нокти – тоа може да биде добивање психолог или наоѓање некој со кој можете да се поврзете за да бидете успешни.

6. „Не верувам во совршенство“- Кејт Винслент

Кејт Винслет знае дека не е совршена и го слави тоа. Во едно интервју таа вели дека не се гледа во огледало и мисли дека изгледа фантастично затоа што никој не е совршен. Наместо тоа, таа го прифаќа тоа и се гордее со тоа.

7. „Немајте срам да се здебелите во текот на бременоста или било кога друг пат“- Ен Хатавеј

Во објава на „Инстаграм“, Ен Хатавеј зборуваше за нормализирање на промените во телото и зголемувањето на телесната тежина. Објавата беше придружена со фотографија од фармерки исечени за да се направат кратки панталони за да се нагласи моментот: дали вашата облека ќе ви стои ако другата облека повеќе не ви одговара. Се чинеше дека ги инспирираше другите, како што коментираше една од нејзините обожавателки: „Секогаш се враќам на оваа објава. Ми дава сила кога размислувам за целата тежина што ја зголемив во овие 3 години откако имам деца“.

8. „Да ги вратиме вистинските стомаци!“- Селена Гомез

Секогаш можете да сметате на Селена Гомез кога станува збор за реалност. Во видеото на „TikTok“ , таа користеше аудио од некој што вели: „Скриј го!“ а потоа го имитираше одговорот од друго лице, велејќи: „Не лажам, вистински стомаци се враќаат во мода. Добро?”

9. „Иако понекогаш ми е тешко, јас ја покажувам љубовта кон моето тело“ – Бебе Реџа

Бебе Реџа вели дека го следи сопственото тело и знае дека не може да биде слаба поп ѕвезда на природен или здрав начин. Таа изјавува како избира да даде сѐ од себе за да ја покаже љубовта кон своето тело, дури и ако тоа е предизвик.

10. „Немам тело на девојка од Викторијас Сикрет, но се научив да си го сакам телото“- Ријана

На Ријана не и е непозната критиката на интернетот. Таа ретко им одговара јавно, но кога одговара, тоа обично го прави со хумор. Таа ги исмеа сопствените осцилации на вагата објавувајќи хумористична слика од слабеење „пред и потоа“ на раперот Гучи Мане. Ријана вели дека треба да научите да бидете среќни со себе и да бидете сигурни во сопственото тело, без разлика на вашата големина и тежина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *