Откривме кој е „пали-гаси“ во Холивуд: Кристијан Бејл откри дека целата својата кариера ја должи на Леонардо ди Каприо

Кристијан Бејл тврди дека Леонардо ди Каприо ги добива првите информации за секоја голема машка филмска улога во Холивуд. Актерот на Бетмен (48) рече дека „до денес, секоја улога што сум ја добил, тоа е само затоа што претходно Леонардо ја одбил“.

Бејл додаде дека тој и другите актери кои се на слична возраст со 47-годишната ѕвезда на „Титаник“ му ја должат својата кариера: „Се сомневам дека речиси сите на слична возраст како него во Холивуд му ја должат својата кариера, поради тоа што тој ќе одбие каков било проект“.

 

 

„Не е важно што некој ќе ти каже. Не е важно колку сте пријателски расположени со режисерите. Сите тие луѓе со кои сум работел повеќе пати, сите тие прво на Леонардо му ја понудиле секоја од тие улоги“, додаде англискиот актер.

 

Разговорот настана кога интервјуерот Зак Барон го изнесе фактот дека Ди Каприо – кој започна во филмскиот бизнис како дете исто како Бејл, и е само 10 месеци помлад од него – првпат беше избран во филмот “Американски психопат” од 2000 година пред Бејл. Иако Бејл на крајот заврши глумејќи како Патрик Бејтмен – дење инвестициски банкар од Њујорк, а ноќе сериски убиец – откако Ди Каприо се откажа, тој очигледно изгубил уште пет филмски улоги од него во 90-тите, вклучувајќи го и „Титаник“.

 

На прашањето дали го сфатил тоа лично, Бејл одговори: „Не. Знаеш ли колку сум благодарен што добивам нешто? Мислам, не можам да го правам тоа што го прави тој. Тој го прави тоа прекрасно“.

Меѓу другите улоги кои Бејл наводно ги загубил од Ди Каприо се „Животот на ова момче“ (1993) и „Што го јаде Гилберт Грејп“ (1993).

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *