„Тоа беше знак од мама и сè уште не можам да верувам“ – Добила на лото со броевите на мртвата мајка, но завршила во канта барајќи го добитниот тикет

44-годишната Кели Фирт секоја недела купувала тикети за лото на нејзината мајка Керолс од нивната локална продавница во западен Халифакс, пред да умре 65-годишната жена минатата година. Кели самата не играла на лотарија, но неколку месеци подоцна ги нашла броевите на нејзината мајка, 7, 17 и 37, напишани на картичка додека подоцна го расчистувала нејзиниот стан и решила да ги игра. Таа купила тикет за среда и сабота, но кога нејзините броеви не се појавиле на првото извлекување, го скинала тикетот и го фрлила. Сепак, останала вчудоневидена кога се појавиле три броја на извлекувањето за викендот.

 

Кели верува дека тоа било знак од нејзината мајка. Но на крајот морала да бара низ кантите за да ги најде остатоците од нејзиниот фрлен билет. Продавницата го прифатила лепениот билет и таа ја примила својата награда од 1.600 фунти, со која го однела своето семејство на одмор во Блекпул.

 

Мајката на две деца, Кели, од западен Халифакс, рече: „Сè уште не можам да верувам дека победив со бројките на мајка ми. Таа со години ги ставаше истите бројки но никогаш не победи. Решив да ги продолжам во спомен на мама. Не можев да поверувам дека победив кога мама никогаш не победи, и само знаев дека таа сè уште е наоколу и се грижи за мене кога се појавија бројките. Сè уште сум во шок и секогаш ќе бидам. Тоа беше знак од мама и сè уште не можам да верувам“.

„Мајка ми беше најдобра пријателка, ми недостига секој ден и не можам да верувам дека нејзините бројки ни донесоа толку многу среќа. Беше како да беше сè уште тука со нас“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *