10 кратки вицови за повесел празничен ден

– Што е тоа Македонец со германска точност?
– Тоа е човек, којшто секој ден доцни на работа точно по 15 минути.

– – – – – – –

Да зеваш со затворена уста – тоа е едно од ретките нешта коишто секој ги научува на факултет.

– – – – – – –

Маж и жена во кревет.
Таа:
– Многу си ми сладок, ќе те изедам!
Тој:
– Само на јадење мислиш ма.

– – – – – – –

Најубаво е да работиш во опера.
Ќе се издереш, ќе се издереш и си одиш дома.

– – – – – – –

На аеродромот во Амстердам:
– Целта на вашата посета на Холандија?
– Трева и пр*ститутки…
– Во ред, ќе го запишеме стандардното – разгледување на знаменитостите…

– – – – – – –

– Дури сега сфаќам дека боксот бил прекрасен спорт!
– Зошто, вие боксер ли сте?
– Не, стоматолог.

– – – – – – –

Ако спие посебно од забите – голема е за тебе!

– – – – – – –

– И наредив на ќерка ми од сега секоја вечер во 10 часот да е в кревет!
– И ја почитува ли наредбата?
– Времето да, но адресата не!

– – – – – – –

Две другарки се возат во преполн градски автобус, ама толку полн што не можат ни да мрднат.
Едната ѝ шенува на другата:
– Ај види и кажи ми кој стои зад мене?
– Еден млад дечко…
– Дека е млад осеќам, кажи ми дали е убав?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *