Ме исмеваат заради големата разлика во годините – луѓето мислат дека мојот вереник ми е дедо, но ние сме заљубени

Девојката ја споделува својата необична љубовна приказна на ТикТок, а профилот ѝ се вика „Каубојот и ангелот“.

Љубовниците не ги откриваат своите години, но се чини дека има неколку децении меѓу нив.

Тие исто така неодамна се свршија, а девојката го покажа својот дијамантски прстен.

„Сродни души до денот кога ќе умреме“, напиша таа покрај хаштагот #agegaplove.

„Глупавата љубов е најдобрата љубов“, напиша таа на уште едно видео во кое се појавуваат заедно на вечерно излегување.

Но, и покрај нивното тврдење дека се работи за вистинска љубов и нивните планови да се венчаат, луѓето не ја пропуштаат шансата да ја зафркаваат девојката поради нивната разлика во години.

„Ми недостига кога дедо ми ме држеше така“, напиша еден сеирџија, сугерирајќи дека Каубојот изгледа доволно старо за да ѝ биде дедо на девојката.

„Аууу, многу е убаво кога внуките се блиски со нивните дедовци“, додава друг итн. итн.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *