Плачам на погреби: До сега сум била на над 200 погреби на непознати луѓе, а се почна откако случајно упаднав на еден погреб
Запознавањето на 56-годишната Жан Тренд-Хил со гробиштата и погребните поворки започнало со смртта на нејзините родители. Според Тренд-Хил, таа можела да поминува часови и часови талкајќи меѓу гробовите, фотографирајќи и скицирајќи ги најубавите надгробни споменици.
Во 2012 година, Британката влегла во црква за време на погреб и останала до крајот на церемонијата, бидејќи и беило незгодно да ја напушти.
„Беше сосема непознат човек, но бев трогната. Набргу потоа, работник на гробиштата ме контактираше и ме праша дали ќе присуствувам на погребот на еден ветеран кој немаше кој друг да му оддаде почит. Се согласив и отидов“, се сеќава жената.
Во текот на изминатите 10 години, таа успеала да присуствуваат на најмалку двесте други погреби. Таа ги посетува гробиштата не само во Велика Британија, туку и во Франција и Италија. Тренд-Хил признава дека кога ќе пристигне на ново место, првото нешто што го бара се гробиштата.
Мештаните знаат за необичното хоби на жената и ја покануваат на погребите на оние луѓе кои немаат семејство и пријатели.
Никој никогаш не треба да биде кремиран или погребан сам. Ако ме прашаат и можам да одам, ќе одам.
Тренд Хил не само што ги придружува мртвите на нивното последно патување, туку и ги чисти гробиштата.













Bravo Žan 🌷🥰
Коментирај анонимно