„Наставниците во училиштето на ќерка ми, за малку ќе ја искасапеле, откако со ножица и ги сечеле вештачките трепки!“
Мартина Кантор (37) ја крена јавноста против Академијата Харис Бекенхем, во југоисточен Лондон, откако нејзината ќерка Рена била суспендирана поради носење на вештачки трепки.
Мајката на три деца вели дека наставниците и ги исекле со ножици трепките на нејзината ќерка, откако еден наставник забележал дека се залепени трепките на нејзините вистински.

Мартина вели: „Наставниците не ме известија дека не треба така, ниту пак побарале од Рена да ги извади кога ќе се врати дома – тие само ги искасапија девојчето и направија непотребна работа.
„Рен е на возраст кога се обидува да се пронајде себеси, а таа и нејзините пријатели експериментираат со нив – тоа е нов тренд“.
Мартина отишла во училиштето по инцидентот и побарала да разговара со инволвираните членови на персоналот.
„Тие рекоа дека истражуваат и сигурно потоа разговарале со вклучените наставници во настанот. Но, не би било соодветно да се коментира дополнително во овој момент“.

Портпаролот на Академијата Харис Бекенхем рече дека училиштето му се извинило на семејството.
Тие велат: „Нашата политика вели дека на студентите не им е дозволено да носат шминка или вештачки трепки. Овој пристап, кој е заеднички за повеќето училишта, ги штити децата од непотребен притисок од врсниците. За да биде ефективно, правилото мора да се применува доследно“.
Тиа тврдат дека наставниците имале добра намера, но сепак начинот не бил соодветен.

Коментирај анонимно