Дали вашиот пријател ви се јавува само кога му треба нешто? Психолог ги открива знаците дека сте во токсично пријателство

Д-р Лалитаа Суглани, овластен психолог со седиште во Бирмингем, ја сподели информацијата во објава на Инстаграм. Во објавата таа рече дека ако некој пријател покажува некои од овие особини, „можеби е време да се оцени и анализира пријателството“.

Сепак, д-р Лалита додаде дека „пред да се затвори вратата, важно е да не се дијагностицираат како „токсични“, туку да се види што може да се случува.

Таа предупреди дека треба да бидете внимателни со терминот „токсичен“ или туку така само поради една работа да им дијагностицирате на луѓето дека се токсични.

Таа напиша: Пријателите треба да направат да се чувствувате добро, моќно и подигнато. Се разбира дека ќе има моменти кога тоа нема да се случи бидејќи вие или тие можеби поминувате низ нешто. Ако забележите дека нешто не е во ред, веројатно треба да го преиспитате пријателството. Пријателството функционира на двата начина. Природно, како што поминувате низ животот, може да се оддалечите од пријател и тоа е во ред, се разбира дека може да ви биде тажно бидејќи имате спомени, тоа не значи дека треба да го прекинете пријателството“.

 

 

Д-р Лалитаа продолжи да набројува девет знаци дека можеби сте во токсично пријателство. Тие вклучуваат вашиот пријател да се јавува само кога сака нешто и секогаш да има некаква драма. Други знаци кои таа ги наброја се дека ве потценува и исмејува пред другите и ве исклучува од работите со заеднички пријатели.

Д-р Лалита, исто така, истакна дека може да се чувствувате лошо за себе кога сте поминале време со нив. Исто така наведе и доколку не се среќни за вас кога ви се случува нешто убаво. Таа, исто така, забележа дека токсичните пријатели можат да ги користат вашите тајни против вас и да ги споделат со другите.

На крајот, таа рече дека знак на токсичен пријател може да биде тоа што пријателството е повеќе за нив и нивните проблеми.

Д-р Лалита ја заврши објавата со позитивна порака за нејзините следбеници. Таа истакна дека „достојни сте и заслужувате добрина, љубов и почит во здраво пријателство“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *