Неверојатната приказна за „Пепелашка од Украина“: бегалка ги пријавила во полиција своите домаќини поради тоа што ѝ рекле да помогне по дома!

Специјалист за ментално здравје, која примила украинска бегалка дома, била пријавена за „модерно ропство“ откако ја замолила својата гостинка да помогне повеќе околу садовите.

Хана Дебенхам (42) од Укфилд, Источен Сасекс, била под истрага два месеци по обвинението, пред случајот да биде отфрлен оваа недела откако не биле пронајдени докази.

 

 

Мајката на две деца била замолена „доброволно“ да оди во полициската станица во Истбурн каде што била испрашувана од инспектор, што таа го нарекла „најлошото искуство во мојот живот“. Полицајците исто така поминале два часа во нејзиниот дом со нејзиниот сопруг.
Бегалката, мајка која не може да се именува од правни причини, се пожалила на полицијата дека „се очекувало од неа да ја исчисти куќата без притоа да биде платена за тоа“.

Дебенхам вели: „Тоа беше поразително. Сакавме само да помогне. Ако бев обвинетa, ќе требаше да се изјаснам за тоа и тоа ќе беше трајна пречка за мојата кариера. Разговараа и со мојот сопруг и му рекоа дека би можелa да се соочам со доживотен затвор доколку бидам прогласен за виновна. Јас сум специјалист за ментално здравје веќе 15 години и често сум работела со луѓе со тешка ментална болест поддржувајќи ги нивните потреби во полициски притвор, а ова што ми се случува беше најлошото искуство во мојот живот“.

Украинското семејство живеело со г-ѓа Дебенхам само три недели откако било изнесено обвинението.

Идејата „Домови за Украина“ е загрозена од проблеми, при што семејствата домаќини редовно се расправаат со своите гости поради длабоки културни разлики.

„MailOnline“ претходно објави како некои Британци чувствуваат дека биле „измамени“ од „неранливите“ Украинци.

Сагата на г-ѓа Дебенхам започнала кога таа и нејзиниот сопруг, барале „au pair“ за работа во нивниот дом со осум спални. Случајно наишле на профилот на една Украинка, околу 30-тина години, која тврдела дека е и професорка по англиски јазик и  се обратиле до неа за да видат дали добро ќе одговара.

Според г-ѓа Дебенхам, тие дошле до договор што ќе им овозможи на наставничката и нејзината десетгодишна ќерка да останат со нив, врз основа на тоа дека таа ќе ги чува децата два до три дена во неделата, за што ќе биде платена 200 фунти.

По нивното пристигнување во јуни, г-ѓа Дебенхам почнала да ги подготвува за живот во Велика Британија, помагајќи им да ги средат документите, банкарските сметки и училиштето за девојчето.
„Првите неколку недели, беа во ред“, се сеќава г-ѓа Дебенхам, „но тие не чистеа по себе, количината на јадења што требаше да се направи брзо се удвои. Јас и објаснив дека треба повеќе да помага, дури и ѝ покажавме како да ја користи машината за миење садови. Разбирам дека таа беше во ужасна ситуација откако побегна од својата земја и откако изгуби пријатели во војната, но работите не се подобрија. Почувствував дека повеќе не можам целосно да и верувам и решивме повеќе да не работи за нас.

Само неколку дена подоцна, г-ѓа Дебенхам тврдела дека добила повик од нејзиниот украински гостин додека била на работа и таа и кажала дека заминува. Неколку моменти подоцна, полицајци пристигнале во домот, барајќи да разговараат со г-ѓа Дебенхам. Тие ѝ се јавиле и ѝ кажале дека е обвинета за ропство.

 

 

Се тврди дека таа била „користена како робинка и чувар на деца со полно работно време, за мала или без плата, под објаснување дека е вдомена преку „домови за Украина“.

Портпаролот на полицијата во Сасекс рече: „Полицијата во Сасекс на 20 јули прими пријава за лице од кое се бара да изврши принудна или задолжителна работа. Информаторот беше жена со мала ќерка која пристигнала во „ОК“ според шемата „Домови за Украина“.

„Во овој случај, немаше доволно докази за да се продолжи, но ние ги сфаќаме сите наводи од ваква природа многу сериозно и важно е тие да бидат соодветно истражени“, вели тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *